Инфраструктурни проекти во основното училиште “Абдил Фрашери“ во Раковец

Општина Боговиње продолжува со различни инфраструктурни проекти во основните училишта.

Успешно заврши реконструкцијата на надворешната фасада на основното училиште во населеното место Раковец. Инаку, продолжуваат работите за греењето на училиштето како и реконструкцијата на внатрешната фасада.

Инфраструктурни проекти во Oпштина Боговиње

Денеска заврши реконструкцијата на патот што го поврзува село Калник со магистралниот пат Тетово – Гостивар, а исто така оттука започнаа реконструкцијата во уште една населба од селото каде ќе се постават бегатони и се очекува да биде завршен до крајот на април.

     

 

Eколошката акција “Чистење на Општина Боговиње”

Успешно беше реализирана еколошката акција “Чистење на Општина Боговиње” од Младинскиот Совет на Општина Боговиње, заедно со Oпштина Боговиње и со помош на основнoто училиште “Абдил Фрашери“ – Боговиње и основнoто училиште “Сабедин Бајрами“ – Камењане, преку нивните ученици тие дадоа cвој придонес , кои воедно дадоа порака до луѓето да не ја загадуваат животната средина, да ја чуваат и да се грижат бидејќи немаме резервен планет.

Во оваа акција се приклучија и француски и германски волонтери кои им помогнаа и ги мотивираа нашите деца за важноста на природата – за се околу нас.

Ваквите акции и настани наменети за младите ќе продолжат и понатаму бидејќи заедно можат да направат големи работи.

Да продолжиме да се грижиме за нашата околина, каде живееме и што не опкружува!

Г. Бесник Емшиу средба со претставници на Националната платформа за женско претприемништво

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска се сретна со претставници на Националната платформа за женско претприемништво, која се воспоставува преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

Градоначалникот изрази дека е подготвен за соработка и ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на жените претприемачи. Преку ова, Општина Боговиње ќе даде значаен придонес за економско и социјално јакнење на целокупното општество.

Промоција на проекти во рамки на Проектот за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион

Денеска, во Општина Боговиње беше организирана манифестација во рамки на Проектот за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион.

На овој настан присуствуваа амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа. Вероник Хулман, министерот за Животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини, постојаниот претставник на УНДП, г. Армен Григоријан и градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу.

Градоначалникот изрази благодарност до Владата на Швајцарија за постојаната финансиска поддршка во нашата Општина, до УНДП за реализација на овие капитални проекти и до Министерството за животна средина и просторно планирање како многу важен поддржувач и партнер во целиот овој процес.

Проектот за водоснабдување во Палчиште

Во просториите на Општина Боговиње денеска градоначалникот г. Бесник Емшиу одржа работна средба со заменик. министерот за Транспорт и Врски, г. Беким Реџепи.

На средбата се разговараше за проектот за водоснабдување во Палчиште, проект кој е одобрен од Европската Инвестициска Банка преку Министерството за транспорт и врски.

Вкупната вредност на проектот за водоснабдување во Палчиште изнесува 19.002.667,00 денари.

Г. Бесник Емшиу го пречека градоначалникот на Општина Штиме на работна средба

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу на работна средба го пречека градоначалникот на Општина Штиме, г. Ќемајл Алиу. На оваа средба беше разгледана можноста за прекугранична соработка (ИПА фондови) за следните проекти меѓу двете Општини.

Ваквите одржливи соработки се неопходни за подобрување на квалитетот на општинското управување, како и важни за благосостојбата на сите граѓани.

Општина Боговиње се снабдува и со возило за транспорт на отпад

Општина Боговиње се снабдува и со возило за транспортирање на отпад, кое ќе му биде на располагање на општинското јавно претпријатие „Шарри“ за работа и ќе дава подобри услуги за граѓаните на Општината.

Градоначалникот на Општина Боговиње на средба со потпретседателот на Сојузот на училишен спорт

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска имаше средба со потпретседателот на Сојузот на училишен спорт Мустаф Алиу, со соработникот Бујар Ибрахими, на која се разговараше за досегашната соработка и реализацијата на идните активности. Исто така, беше поделена благодарност за гостите во знак на почит кон соработката како и за општинските училишни клубови кои учествуваа на Општинските натпревари во мал фудбал.

Општина Боговиње на 23.03.2022 година ќе учествува на Регионалните натпревари во мал фудбал, кои ќе се одржат во салата на ООУ “Сабедин Бајрами“ – Камењане и ќе бидат претставени од Училишниот клуб “Минир Исаку“ – Пирок, кој го освои првото место во Општински натпревари.

 

Г. Бесник Емшиу го прими амбасадорот на УНДП

Денеска, во Oпштина Боговиње градоначалникот г. Бесник Емшиу го прими амбасадорот на УНДП, г. Армен Григорјан.

Состанокот се одржа врз основа на Проектот за подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион, проект кој е финансиран од Швајцарската амбасада.

Општина Боговиње ќе продолжи со реализација на сите активности предвидени во рамките на овој проект.