Денеска, во Општина Боговиње беше организирана манифестација во рамки на Проектот за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион.
На овој настан присуствуваа амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа. Вероник Хулман, министерот за Животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини, постојаниот претставник на УНДП, г. Армен Григоријан и градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу.
Градоначалникот изрази благодарност до Владата на Швајцарија за постојаната финансиска поддршка во нашата Општина, до УНДП за реализација на овие капитални проекти и до Министерството за животна средина и просторно планирање како многу важен поддржувач и партнер во целиот овој процес.