Инсталација на централно греење во училиштето „Сабедин Бајрами“ во Горно Седларце

Започна инсталацијата на централно греење во основното училиште „Сабедин Бајрами“ во населбата Горно Седларце.

Проектот за инсталирање на централно греење во ова училиште беше финансиран од УСАИД во соработка со Општина Боговиње и основното училиште „Сабедин Бајрами“.

Подобрувањето на училишната инфраструктура е приоритет во Општина Боговиње со цел да се обезбедат соодветните услови за развој на образовниот процес на поорганизиран начин.

Градоначалникот ги посети училиштата за почетокот на учебната година

Според програмата за образование, на 04.09.2019 година градоначалникот на Општина Боговиње ги посети основните училишта посакувајќи им успешна година.

Исто така, им даде по една тетратка на првачиња, им честиташе на почетокот на една сосема нова ера во нивните животи и им посака успех во нивното патување во светот на знаењето.

Општината, во соработка со директорите на основните училишта, со систематизирање на работните места каде што секој наставник ќе биде соодветен за својот предмет, како и потребните инвестиции во училиштата, обезбеди најдобри услови за продуктивна учебна година.

Градоначалникот на состанок со кандидатите избрани во Програмата „Општинско корисна работа“

Градоначалникот на Општина Боговиње денес имаше состанок со кандидатите кои беа избрани во Програмата „Општинско корисна работа“, проектот „Заедно можеме“.

Вработените во овој проект ќе обезбедат три вида услуги: медицински услуги за жителите на планинските села, грижа за стари лица и помош за деца со посебни потреби во текот на образовниот процес.

 

Реновирање во основните училишта на Општина Боговиње

Денес, градоначалникот на Општина Боговиње ги посети основните училишта во кои се направија реновирање во текот на летните одмори за да се создадат подобри услови за учениците во текот на оваа учебна година.

Инвестициите беа направени од буџетот блок дотации. Покрај основните потреби, училиштата со сопствен буџет веќе имаат различни можности за инвестирање.

Градоначалникот на општината ќе продолжи да се ангажира за подобрување на училишната инфраструктура и подобрување на условите за учениците, што ќе влијае на квалитетот на наставата во училиштата на Општина Боговиње.