Програмата “Општинско корисна работа“ финансирана од страна на УНДП и од Oпштина Боговиње, почна да се реализира во населените места на Oпштина Боговиње и ќе продолжи и во следните шест месеци.
Во 12 октомври, во населено место Раковец, три медицински сестри ангажирани во овој проект спроведуваа медицински преглед кај граѓаните на ова населено место.
Исто така, во овој проект, Oпштина Боговиње има ангажирано уште четири лица за грижа за стари лица во планинските села како и три лични асистенти за деца со посебни потреби, кои што им помагаат во текот на образовниот процес.