Покана за учество во планирањето на буџетот на Општина Боговиња за 2026 година

Почитувани граѓани,

Ве поканувам да станете дел од планирањето на буџетот на Општина Боговиња за следната година!

Од 16 декември (вторник) до 22 декември (понеделник) 2025 година, општината ќе ги прифати сите предлози, идеи или проекти кои сметате дека треба да бидат вклучени во буџетот за 2026 година!

Предлозите можете да ги испратите на официјалната Фејсбук страница, на е-маил адресата: info@komunabogovine.gov.mk или лично во општина, било во писмена или усмена форма!

Ве очекуваме!

Со почит,
Фети Абази

Посета на основното училиште „Сами Фрашери“

Вчера во основното училиште „Сами Фрашери“ во Пирок беа непосредно инспектирани новите тоалети на училиштето. До неодамна, тие беа во бедна состојба, создавајќи тешкотии за учениците и наставниот кадар.

Благодарение на проектот реализиран од Општината, кој беше вклучен како приоритет во планот за инвестиции, овие простории се целосно реконструирани и реновирани, обезбедувајќи модерни, чисти и безбедни услови за секое дете.

Оваа инвестиција е дел од постојаната посветеност за подобрување на образовната инфраструктура и создавање на здрава средина за развој на учениците.

Сега, учениците на „Сами Фрашери“ можат да се чувствуваат  помотивирано да учат во достојни и современи услови.

Решенија за вработување во основните училишта на Општина Боговиње

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу, додели 32 решенија за вработување на наставници од различни области во основните училишта на оваа општина, и тоа:

  • 15 решенија за вработување – ООУ „Абдил Фрашери“, Боговиње;
  • 2 решенија за вработување – ООУ „Сами Фрашери“, Пирок;
  • 1 решение за вработување – ООУ „Лирија“, Жеровјане;
  • 9 решенија за вработување – ООУ „Сабедин Бајрами“, Камењане;
  • 5 решенија за вработување – ООУ „Дервиш Цара“, Палчиште.

На сите наставници, градоначалникот им посака здравје, успех и максимална посветеност во нивната света работа!

Општина на дланка

Општина Боговиње се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Општина на дланка (мк)

 

Сесија на петтиот Форум на заедницата во Општина Боговиње

На 12.01.2024 година, во ресторан “Флоар“ во присуство на граѓани, Општина Боговинње успешно ја одржа сесијата на петтиот Форум во заедницата, трибини кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

Во петтата сесија на форумот беше направена презентација на приоритетниот проект, односно дадена е информација во врска со реализацијата на проектот “Регулација на коритото на реката во населба Пирок“, кој се реализираше во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу им се заблагодари на сите за нивното значајно учество за успешното спроведување на форумите како и за придонесот даден при предлозите на бројни проекти, кои се многу неопходни да се реализираат во Општина Боговиње. Сето ова ќе и служи на општината во планирањето на активностите и развојот на идните проекти.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети#ГраѓанитеНаПрвоМесто#CHinMK#SDGs

Се реализира активноста “Едукативно – информативно предавање за последиците од семејното насилство“

Општина Боговиње успешно ја реализираше активноста “Едукативно – информативно предавање за последиците од семејното насилство“ во општинските основни училишта “Абдил Фрашери“ – Боговиње, “Сабедин Бајрами“ – Камењане, “Дервиш Цара“ – Долно Палчиште и “Дервиш Цара“ – Калник.

Оваа активност се реализираше врз основа на Програмата за еднакви можности на мажите и жените за 2023 година на Општина Боговиње.

Организатори на активноста се претседателката на Комисијата за еднакви можности Мирјета Синани и психолозите Шпреса Ќамили и Едона Алити.

 

 

Градоначалникот на Oпштината на работна средба со заменик министерот за транспорт и врски

Градоначалникот на Oпштина Боговиње, г. Бесник Емшиу беше на работна средба со заменик министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи со кого разговараа за реконструкција на локалниот пат од Боговиње до Новосело и Урвич, како и за изградба на патот од Боговиње до Седларце.

Првиот проект е финансиран од Владата, додека другиот проект е финансиран од Светска Банка, а во овој случај Општината ја користи можноста да им се заблагодари за соработката.

Се спроведуваше активноста “Едукативно предавање за подигање на свеста кај учениците за булизмот“

Општина Боговиње успешно ја спроведуваше активноста “Едукативно предавање за подигање на свеста на учениците за булизмот“ во општинските основни училишта “Абдил Фрашери“ – Боговиње, “Сабедин Бајрами“ – Камењане, “Дервиш Цара“ – Долно Палчиште и “Лирија“ – Жеровјане.

Оваа активност се реализираше врз основа на Програмата за еднакви можности на мажите и жените за 2023 година на Општина Боговиње.

Увид на работите на патот во село Долно Палчиште

На 21.09.2023 година, градоначалникот на Општина Боговиње заедно со министерот за Локална Самоуправа г. Ристо Пенов и директорот на Бирото за Регионален Развој г. Рамиз Реџепи, учествуваше во увидот на работите што се вршат во проектот за изградба на пат од село Долно Палчиште до автопатот Тетово – Гостивар, проект кој ќе ги поврзе населените места на Општина Боговиње со важниот проект Коридор 8.

Во оваа прилика Општината се заблагодарува на Владата и на сите институции кои се вклучени во финализирањето на овој инфраструктурен проект кој ќе им го олесни животот на граѓаните од целиот Полошки регион.