Градоначалникот на Општина Боговиње денеска имаше средба со потпретседателот на Сојузот на училишен спорт Мустаф Алиу, со соработникот Бујар Ибрахими, на која се разговараше за досегашната соработка и реализацијата на идните активности. Исто така, беше поделена благодарност за гостите во знак на почит кон соработката како и за општинските училишни клубови кои учествуваа на Општинските натпревари во мал фудбал.

Општина Боговиње на 23.03.2022 година ќе учествува на Регионалните натпревари во мал фудбал, кои ќе се одржат во салата на ООУ “Сабедин Бајрами“ – Камењане и ќе бидат претставени од Училишниот клуб “Минир Исаку“ – Пирок, кој го освои првото место во Општински натпревари.