Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу на работна средба го пречека градоначалникот на Општина Штиме, г. Ќемајл Алиу. На оваа средба беше разгледана можноста за прекугранична соработка (ИПА фондови) за следните проекти меѓу двете Општини.

Ваквите одржливи соработки се неопходни за подобрување на квалитетот на општинското управување, како и важни за благосостојбата на сите граѓани.