Сесија на четвртиот Форум на заедницата во Општина Боговиње

На  05.05.2023 година, во ресторан “Флоар“ во присуство на граѓани, Oпштина Боговиње успешно ја одржа сесијата на четвртиот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

На сесијата на четвртиот Форум, модераторот повторно ги презентираше правилата и критериумите за избор на проектот што ќе се финансира во рамките на форумот во заедницата, како и  се анализираше кои од граѓаните имаат право на глас врз основа на нивното учество. Тогаш граѓаните изгласаа три предлози – проекти: “Регулирање на речното корито во н.м. Пирок“, “Изградба на тротоар во н.м. Пирок“ и “Изградба на пат што го поврзува н.м. Раковец со н.м. Боговиње“. Од овие три проекти, граѓаните на Општина Боговина најмногу гласаа за “Регулација на речното корито во н.м. Пирок“.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу им се заблагодари на сите за нивното значајно учество за успешното спроведување на форумите како и за придонесот даден при предлозите на бројни проекти, кои се многу неопходни да се реализираат во Општина Боговина. Сето ова ќе и служи на Општината во планирањето на активностите и развојот на идните проекти.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети#ГраѓанитеНаПрвоМесто#CHinMK#SDGs

Третиот форум на заедницата

На 28.04.2023 година, во ресторан “Флоар“ во присуство на граѓани, Општина Боговиње успешно ја одржа сесијата на третиот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

Во третата сесија на Форумот, модераторот ги презентираше правилата и критериумите за избор на проект кој ќе се финансира во рамките на форумот во заедницата. Потоа беа презентирани три предлог – проектите кои произлегоа од предлозите на граѓаните на првата сесија и се од областа на општинската инфраструктура. Предлог – проектите кои беа презентирани на оваа сесија беа: “Регулирање на коритото во н.м Пирок“, “Изградба на тротоар во н.м Пирок“ и “Изградба на пат што го поврзува н.м Раковец со Боговиње“.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу, им се заблагодари на сите за учеството и придонесот.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвoМесто #CHinMK #SDGs

Потпишување на Договор за формирање на Одделение за управување со ризици од вода и поплави во планскиот регион на Полошкиот регион

На 28.04.2023 година, градоначалникот на општина Боговина присуствуваше на настанот организиран во хотел „НБ“ по повод потпишувањето на Договорот со градоначалниците на Полог за формирање на Одделението за стопанисување со води и ризици од поплави во планскиот регион на Полог.

Дополнително, на овој настан беа отворени различни дискусии во однос на следните чекори во реализацијата на активностите за Заедничката единица во рамки на проектот “Подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион“ финансиран од Амбасадата на Швајцарија, а имплементиран од УНДП.

Градоначалникот Бесник Емшиу го потпиша Договорот за набавка на противпожарно возило

Во рамките на планираните активности од проектот за прекугранична соработка “Fireshield“ IPA/2021/429-446, во просториите на Oпштина Боговиwe, градоначалникот Бесник Емшиу го потпиша Договорот за набавка на противпожарно возило (камион).

Ова специјално возило ќе биде во служба на противпожарната станица која е дел од заедничкиот IPA проект со Oпштина Врапчиштe.