Општина Боговиње продолжува со следната интервенција, со воспоставување вертикална сигнализација која е многу важна за секое населено место и која ќе им помогне на граѓаните за појасна ориентација за населените места кои припаѓаат на општината.
Сообраќајните знаци ќе се лоцираат во сите населби во Општина Боговиње, со цел општо регулирање на патниот сообраќај.
По предупредувањата од Центарот за управување со кризи во републиканското ниво и регионалната полициска единица за обилни дождови ова попладне и следните денови, Штабот за управување со кризи на општинско ниво по итен состанок се појави на терен за да ги утврди критичните точки за кои е потребна прелиминарна интервенција. Известени се дури и претпријатијата кои поседуваат тешки градежни машини за да бидат во состојба на подготвеност, во секој случај да помогнат во минимизирање на оштетувањето. Во исто време, се известуваат семејствата околу реките да преземат мерки на претпазливост за заштита на нивниот имот. Од овој момент, Штабот за управување со кризи на општинско ниво е во состојба на алармирање 24 часа.
Општина Боговиње продолжува со проекти за промени во патната инфраструктура на нејзината територија. Овој пат, соработуваат со претпријатието “Македонија Пат” за подобрување на патот Пирок – Калник, патот 402.
Сите граѓани се предупредуваат да бидат внимателни овие денови, бидејќи интензивно ќе се работи на овој пат.
Во моментов се работи во населбата Синичане, каде што бараме од граѓаните максимална соработка.
Општината им се заблагодарува на сите граѓани за нивната поддршка и разбирање и се надева дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина.
Општина Боговиње презеде иницијатива за чистење и одржување на патиштата на територијата на оваа општина. Акцијата започна од населбата Пирок и ќе продолжи во сите населени места кои припаѓаат на Општина Боговиње.
Општина Боговиње ќе продолжи да се ангажира понатаму за чиста средина и со проекти кои ќе го олеснат животот на граѓаните.
На 26.04.2019, на средба со градоначалникот на Општина Боговиње присуствуваа претставниците на Центарот за образование и развој – CED. Тие разговараа за проектот “Youth Empowerment in Rural Areas” (“Оспособување на младите во руралните области”), проект поддржан од Младинскиот Образовен Форум.
Главните цели на проектот се да се воспостават институционални механизми и да се зајакнат младинските капацитети за учество во процесите на донесување одлуки, како и да се подигне свеста кај младите за општествената одговорност во некои области, така што младите да бидат лидери на промени за одговорно општество во Општина Боговиње.