На состанок со градоначалникот на Општина Боговиње денес беа претставниците на здружението “Мултикултура”.
Целта на овој состанок беше да се активираат и да се мотивираат младите да се приклучат и да разговараат на креативни начини за младинските проблеми во последната деценија, каде преку форми на неформално образование тие ги третираат проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот и се едуцираат за нивно надминување.
Горенаведените активности ќе се спроведуваат за време на летниот кампус кој ќе се организира на Шар Планина, токму во планинските куќи на Општина Боговиње во текот на јули-август. Целна група на оваа активност ќе бидат 15-30-годишници од Oпштина Боговиње и Општина Тетово.