Започна изградбата на патот во село Камењане

Општина Боговиње во соработка со жителите на село Камењане почна со регулирање на патот т.н. “Оџа Сеад Ајрули” (1200 м2). Општината ќе продолжи да инвестира во изградба на патната инфраструктура и во другите населени места и да реализира проекти со кои ќе го олеснат животот на жителите.

Отварање на патот во село Чифлик

Општина Боговиње денеска започна со отварање на патот во село Чифлик, кое ќе овозможи поврзување со селото Чифлик. Ова ќе биде интервенција на првата фаза, а потоа ќе се направат предвидувања за другите фази со цел да се зголемат условите за живеење во оваа населено место.

Со оваа интервенција се реализира раното барање на оваа населено место кое беше ветувано од страна на градоначалникот Албон Џемаили.

Г. Албон Џемаили учествуваше во промоција на локални и регионални грантови

Градоначалникот на општината, г. Албон Џемаили учествуваше во промоција на локални и регионални грантови, кои што ќе се реализираат во рамките на проектот ” Унапредување на општинско управување” кои ќе се имплементираат од страна на УНДП и ќе се финансираат од Делегацијата на Европската Унија.

Во рамките на овој проект Oпштина Боговиње првин ќе подготвува интегриран план за вклучување, а потоа ќе се направи и реализацијата на еден проект кој што е предвиден во планот, тој што ќе биде најпотребен (приоритет).

Поставување на вертикални сигнализации во населените места

Следната интервенција од страна на општината беше вертикалната сигнализација на населените места кои гравитираат на Oпштина Боговиње.

Вертикалните сигнализации ќе им помогнат на граѓаните кои што немаат јасна оријентација за овие населени места.

Се обележуваат пешачки премини во Боговиње и Камењане

Сообраќајните знаци се многу важни за секое населено место, особено пешачките премини кои што претставуваат безбеден премин за пешаците, и затоа општината има превземено мерки во врска со обележувањето на пешачките премини во населените места Боговиње и Камењане.

Акцијата за обележување на пешачките премини ќе продолжи и во другите населени места, со цел да се регулира целосно патниот сообраќај.

Општина Боговиње го поддржува морално и материјално шампионот на атлетика во Република Македонија Адриан Исмаили

Општина Боговиње го поддржува морално и материјално спортот и културата и овој пат реши да му помогне и финансиски на победникот на првото место во атлетика во републичко ниво Адриан Исмаили од населено место Камењане, поради учество во Европското Првенство во атлетика кое што ќе се оддржи во Риетти, Италија во 6-7 октомври оваа година.

Општина Боговиње продолжува со проекти кои ќе го олеснат животот на жителите

Општина Боговиње под раководство на градоначалникот, г. Албон Џемаили, продолжува со проекти кои што ќе го олеснат животот на жителите. Денеска започнавме со регулирање на патот од гробиштата до Патот на Долината. Овој пат ќе ја олесни циркулацијата на возилата и ќе го олесни протокот на Патот на Долината. Исто така ќе го разубави естетскиот изглед на оваа населба. Им се заблагодаруваме на жителите од оваа населено место за соработката и се надеваме и веруваме дека оваа соработка ќе продолжи и за другите проекти.

Почитувани граѓани, ние сме тука за да ви служиме и затоа ве повикуваме заеднички да ја направиме нашата општина подобра и поубава.

Г. Албон Џемаили имаше состанок за развој на бизнис екосистемот

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили имаше состанок за работа со директорката на проектот на USAID за развој на бизнис екосистемот, г-ѓа. Мирјана Македонска и директорот на Стопанската комора на северозападната Македонија, г. Дрилон Исени. Целта на овој проект беше запознавањето во врска со конкретните активности на проектот кои што ќе следат за имплементација.

Проектот ќе работи со бизнис здруженија, стопански комори, финанциските институции, центри за обука, фирми кои што бараат да ги развојат нивните синџири на вредности и други организации кои што обезбедуваат услуги за работа за мали и средни претпријатија (МСП). Исто така ќе работат со финансиските институции за да овозможат зголемување на финансирањето на мали и средни претпријатија. Проектот ќе се обиде да ги подобри услугите на бизнисот во располагање на МСП, како и можностите на финансирање.

Првата активност што ќе се реализира ќе биде B2B состаноци (директен состанок компанија со компанија) на МСП од Македонија, Косово и Албанија со цел да се воспоставуваат контакти меѓу компаниите кои што ќе реализираат нивни наредни соработки во активностите во кои што тие работаат.

Поставувањето на бетонските ивичњаци во тротоарите

Општина Боговиње го реализираше поставувањето на бетонските ивичњаци во тротоарите во центарот на село Боговиње.

Поставувањето на ивичњаците има за цел зголемување на сигурноста на движењето на пешаците, односно учениците.

Завршено e реконструкцијата на патот т.н. “Патот на гробиштата” во селото Раковец

Општина Боговиње во соработка со жителите на село Раковец успешно ги завршија работите на патот т.н.  “ Патот на гробиштата” на оваа населено место, со должина од 300 м.

Општината ќе продолжи да инвестира во уредување на патната инфраструктура и во другите населени места.