Градоначалникот Емшиу на состанок со високи претставници на Светска Банка

На 01.07.2022 година, градоначалникот на Општина Боговина, Бесник Емшиу, имаше состанок со високи претставници на Светска Банка: Варалакшми Вемуру – практичен менаџер за Одржливост и социјална инклузија за Европа и Централна Азија, Роксана Хаким – координатор на Западна Балкан за Социјална одржливост и инклузија и Беким Имери – виш специјалист за Социјален развој, канцеларија во Северна Македонија.

На овој состанок се дискутираше за социјалната вклученост и подобрување на социјалните услуги во Општина Боговиње, како и можностите за инвестирање во патната и училишната инфраструктура.

Воедно, градоначалникот Емшиу им се заблагодари на претставниците на Светска Банка за многуте инвестиции кои се направени во Општина Боговиње од страна на Светска банка.

По состанокот беше остварена посета и на општинската градинка, инвестиција финансиски поддржана од Светска Банка, каде имаа можност да ги разгледаат просторите на градинката која наскоро ќе биде во функција и ќе ја користат децата.

Работилница со децата од Општина Боговиње

Локалниот младински совет при Општина Боговиње вчера одржа работилница во село Боговиње на местото наречено „Спортски рекреативен центар“ во рамки на проектот „Локална иницијатива“ заедно со децата од основните училишта од нашата Општина, каде што имавме за цел да учиме за рециклирањето, придобивките од планината, природата и целото зеленило.

Заедно со децата нагласивме дека знаеме за рециклирање и работиме во таа насока, па направивме некои фигури и предмети со рециклирана пластика и хартија.

Локалниот младински совет работи и ќе продолжи да придонесува со децата како и во заштитата на природата со сите форми и механизми, но прво со образованието на иднината, а тоа се ДЕЦАТА.

Благодарност до сите учесници, следуваат одлични работи.

         

Седница на Советот за планиран развој на регионот во Oпштина Боговиње

На 30.06.2022 година на просторите на Општина Боговиње од страна на ЦПРПР се одржа седница на Советот за плански развој на Полошкиот регион.

На оваа седница се дискутираше за втората фаза од проектот „Регионален план за управување со цврст отпад“.

Градоначалникот Емшиу на состанок со министерот Нуредини

Во Oпштина Боговиње денеска беше министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини кој заедно со градоначалникот г. Бесник Емшиу разговараше за тековните проекти кои се реализираат во Општината.

Потоа излегоа на терен за да ги следат работите што се вршат во изградбата на патот покрај речното корито на Боговиње. Тие извршија и увид на работите што се вршат во финализирање на канализационата мрежа за н.м. Боговиње и Камењане.

Жителите на Општина Боговиње заслужуваат подобра животна средина и благосостојба.

Продолжуваат работите за уредувањето на речното корито во село Камењане

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска одблиску изврши увид во работите што се вршат за уредувањето на речното корито по нејзиното чистење. Се очекува сите работи да се вршат по современи стандарди предвидени со проектот посветен на коритото на реката.

Жителите на селото Камењане ќе имаат соодветна средина покрај коритото, додека Општината нема да застане тука.

Граѓаните на Општина Боговиње заслужуваат подобар живот, а ние ќе продолжиме да работиме во сите населени места.

Доделување пофалници за полуматурантите

Врз основа на образовната програма, градоначалникот на Општина Боговиње им подели пофалници на најдобрите полуматуранти од основните училишта во Општина Боговиње.

Градоначалникот им посака многу успеси во образовниот процес.

Успешно заврши изградбата на патот во најновото маало во селото Пирок

Успешно заврши изградбата на патот во најновото маало во селото Пирок.

Патот е голем и е многу важен за жителите кои се иселиле во овој дел од селото, а важен и за земјоделците од овој регион, бидејќи овој регион покрива голем дел од луѓето кои работат на земјиштето.

Работна средба во Општина Штиме

На 19.05.2022 година, градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу одржа работна средба со градоначалникот на Општина Штиме, г. Ќемајл Алиу, во просториите на Општина Штиме.

Главна цел на средбата беше можноста за заедничко аплицирање како соседни земји за ИПА фондовите од Европската Унија, во рамките на прекуграничната соработка, главно во области кои имаат потенцијал за развој и инвестирање.

Градоначалникот г. Емшиу изрази подготвеност за соработка преку примена на средства од кои корист би имале двете општини, исто така и градоначалникот г. Алиу изрази интерес за соработка за заедничка заложба за општото добро на двете општини.

По средбата беше посетен и Меморијалниот Комплекс во Речак, кој е изграден во чест на мачениците од Речачкиот Масакр.

Дистрибуција на училишни паметни-таблети

Во просториите на Oпштина Боговиње вчера беа поделени училишни паметни таблети за учениците од четврто и петто одделение.

Смарт-таблети се донација од Министерството за образование и наука на РСМ, додека на училиштата им ги додели градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу и Секторот за јавни дејности.

Секогаш на услуга на студентите, тие се нашата заедничка иднина.

Активност по повод Денот на Европа – 9 Мај

Локалниот Младински Совет на Општина Боговиње заедно со Општината, успешно го одбележа Денот на Европа – 9 Мај, со панелисти од различни области. За едно, сите се согласивме, за нас сонцето изгрева на запад, а ние, професионално изгревајќи и тренирајќи се во странство, да не забораваме да се вратиме во татковината, како што ни е потребна оваа земја и обратно.

Во знак на почит и благодарност, на панелистите им беа поделени книги со национални мотиви за да бидат цврст столб да не ги заборавиме корените од каде сме, без разлика каде ќе не испратат различните ветрови.

Претседателот на Локалниот Младински Совет на Општина Боговиње, г. Дитурим Џеладини заедно со сите активисти и организатори им се заблагодаруваа на сите за учеството на овој настан.