28 Ноември 1912 година означува многу значителен датум за секој Албанец!
На овој празник јас ги изразувам моите најискрени честитки, како што секој од нас го чувствува овој празник!
Честитки денес и за многу години за Празникот на ЗНАМЕТО!
Албон Џемаили
Општина Боговиње продолжува со проекти за промени во патната инфраструктура во нејзината територија. Денеска, заврши уредувањето на патот т.н. “Патот на Екрем ”, во населеното место Жеровјане.
Општината ја користи ова прилика да им се заблагодарува на сите граѓани, кои што придонесуваа за уредувањето на овој пат.
Продоложуваме со наредните проекти!
Градоначалникот на Oпштина Боговиње реализираше состанок со невладината организација Младиинфо, со седиште во Скопје и Мултикултура, со седиште во Тетово. Во состанокот се зборуваше за формирање на Youthbanks или Банки за млади во Општина Боговиње, целта на кои што беше младите што повеќе да се вклучат во општинските проекти, давање на идеи како и составување на проекти кои што ќе помогнат во решавање на локалните проблеми.
Градоначалникот на Општина Боговиње вети дека за наредната година сега веќе се планирани некои финансиски средства за развој на овој проект и за формирање на Банки за млади.
Почитувани жители на Општина Боговиње,
Денеска славиме еден од најзначајните денови за нашиот народ. Обединување на азбуката на албански јазик ја одбележува културната и духовна заедница на Албанците. Единственоста на нашиот народ кон народите што не опкружуваат е токму нашиот единствен јазик и дека е еден од најстарите јазици. Дијалектичката разновидност на албанскиот јазик е унифицирана во Битола од најсјајните умови на Албанија што е и нашето национално богатство.
Почитувани, да бидеме горди со нашиот јазик и да не допуштиме ова наше богатство да се потценува и да се стави во процентуалните рамки.
Честитки за Денот на Азбуката почитувани жители на Општина Боговиње!
Градоначалник на Општина Боговиње
Албон Џемаили
Во 21.11.2018 година, заврши изградбата на тротоарот во село Жеровјане, со цел на пешаците да им се обезбеди посигурно и полесно движење.
Општина Боговиње, под раководство на градоначалникот г. Албон Џемаили, ќе продолжи со проекти кои ќе влијаат во зголемување на квалитетот на животот на жителите во Општина Боговиње.
Се реализира уредувањето на патот во центарот на населеното место Седларце, која што е финансирана од страна на општината и од самите граѓани на населеното место Седларце.
Општината им се заблагодарува на сите тие кои придонеле во уредувањето на овој пат, надевајќи се дека соработката со граѓаните ќе продолжи и за другите патишта.