Градоначалникот Емшиу на работна средба со претставници на Исламскиот Младински Форум

На 29.09.2022 година, во просториите на Општина Боговиње под гостопримство на градоначалникот г. Бесник Емшиу како и претседателот на Локалниот младински совет при Општина Боговиње г. Дитурим Џеладини, остварена е средба со претставници на Исламскиот Младински Форум – Тетово, г. Мевлан Абази и г. Исмет Таири, со кого се дискутираше за реализација на проектот ЕУРЕКА со основците од нашата општина.

Обуките за основците ќе се реализираат во текот на учебната 2022-2023 година со теми избрани на ниво на деца како и со избрани обучувачи, од некои теми кои се во интерес на децата можеме да наведеме неколку: здрав живот, еко – живот, како да се придонесе за општеството, живот со социјалните мрежи (позитивни и негативни страни на социјалните мрежи) итн.

За реализација на активностите одговорен и одговорен ќе биде Локалниот младински совет при Општина Боговиње.

Реконструкција на водоводна мрежа во Камењане

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска заедно со министрите Насер Нуредини, Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи го посетија селото Камењане за одблиску да ги видат работите што се направени во реконструкцијата на водоводната мрежа.

Со завршениот проект ќе се подобрат условите за живот на жителите на село Камењане, додека вредноста на работите е 214 илјади евра без ДДВ.

Притоа, се разговараше и за проектот со кој се предвидува реконструкција на водоводниот цевковод во Долно Палчиштe, кој изнесува 266 илјади евра. Работите се очекува да започнат наскоро по потпишувањето на договорот за надзор.

Г. Бесник Емшиу му посака добредојде на заменик министерот г. Џабир Доко

Г. Бесник Емшиу го пречека на состанок заменик министерот во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Џабир Доко.

На средбата се разговараше за сите активности што се прават во Oпштината и за проектите на терен, а разговаравме и за мерките што Општина Боговиње ги презеде за заштеда на електрична енергија врз основа на владините препораки.

Заедно ги посетија основните училишта во селата Жеровјане, Раковец, Долно Палчиште, Новосело, Селца е Кече, Урвич и Новак, каде на учениците од прво одделение им поделија училишни чанти и друг училишен прибор, донација од градоначалникот на Општина Истанбул.

Градоначалникот му се заблагодари на заменик министерот Џабир Доко, а исто така му пренесе благодарност до градоначалникот на Општина Истанбул, Екрем Имамоглу.

 

Активноста на проектот “Зголемување на свеста на населението во руралните средини за придобивките од имунизацијата“

На 06.09.2022 година, на просторите на Општина Боговиње се реализираше следната активност од проектот “Зголемување на свеста на населението во руралните средини за придобивките од имунизацијата“.Овој проект го спроведува Здружението за одржлив развој – БИОМ, додека Oпштина Боговиње изрази подготвеност за соработка, со цел жителите на оваа Општина да бидат информирани и да го сфатат големото значење на редовната имунизација, со посебен акцент за време на Ковид 19 пандемијата.

Општината секогаш ќе продолжи да им стои на располагање на граѓаните, нудејќи им ги соодветните услуги на пунктовите најблиску до нив.

Им благодариме на донаторите и на Здружението БИОМ за реализацијата на овој едукативен проект.

Градоначалникот на Општина Боговиње ги посети основните училишта

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Боговиње посети неколку училишта за одблиску да го види почетокот на наставата за учениците.

Посакувајќи им здравје и успех на патот на знаењето, градоначалникот ги охрабри наставниците и директорите на училиштата да продолжат со исто темпо да ги учат новите генерации кои се иднината на нашата земја.

Додека ние како општина мораме да се грижиме за училишната инфраструктура и да обезбедиме најсовремени услови за учениците, со уште поголем интензитет отколку што работевме досега.

Претседателот на Локалниот младински совет на состанок со претставникот на германската фондација ФРИДРИХ ЕБЕРТ ШТИФТУНГ

Претседателот на Локалниот младински совет на Општина Боговиње, г-дин Дитурим Џеладини беше домаќин на претставникот на германската фондација ФРИДРИХ ЕБЕРТ ШТИФТУНГ, г-ѓа Нита Старова на средба на која се увиди можноста за соработка на различни полиња поврзани со младите, проблемите и решавањето на тие проблеми во Општина Боговиње.

Бидејќи нам како општина ни е потребно унапредување и вклучување на младите во однос на граѓанскиот активизам, ни беше дадена максимална поддршка од германската фондација да спроведеме обуки и активности во координација со нашата стратегија 2020-2025 за младите во нашата општина.

Младите се моторот на нашето општество, затоа ние сме посветени да работиме во оваа насока – зајакнување и поддршка на младите луѓе – ориентација и посветеност пазарот на трудот.

 

Свечено отвoрање на општинскaта градинка

Во Општина Боговиње, во населеното место Камењане, денеска се одржа свеченото отворање на општинската градинка “Јета“, каде што присиствуваа министерката за труд и социјална политика, г-ѓа. Јована Тренчевска, министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини, специјалист за образование,  г-ѓа. Бојана Нацева, државен секретар, г. Ресми Ејупи и директорката на градинката, г-ѓа Афердита Имери.

За мене како градоначалник беше од големо значење што денеска заедно со голем број пријатели и соработници, го одржавме свеченото отворање на општинската градинка во Камењане. Многу сум благодарен за поддршката што ја дава Министерството за труд и социјална политика, како и Светска банка.

Полека, но со сигурни чекори, ние како раководство на општината со овие проекти докажуваме дека сме на услуга на граѓаните, го слушаме нивниот глас и реализираме проекти како овој, кои имаат за цел социјална инклузивност.

Реконструкција на основното училиште “Сабедин Бајрами“

Учениците во основното училиште “Сабедин Бајрами“ во н. м. Камењане од септември ќе учат во подобри услови бидејќи се работи на реконструкција на сегашната зграда.

Инвестицијата се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и опфаќа реконструкција на надворешноста, санитарни услови, реновирање на покривот, топлинска изолација и поставување помошни делови за лицата со посебни потреби.

Слични проекти нема да престанат, бидејќи ќе продолжиме да работиме и да нудиме подобри услови за сите ученици од Општина Боговиње.

Проектот “Fireshield”

Во рамките на проектот “Fireshield“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за прекугранична соработка, Каритас од Јужна Албанија, обезбеди автомобил, кој ќе служи за спроведување кампањи за подигање на свеста во руралните области со фокус на превенција и заштита од пожари и други активности предвидени во проектот.

 

Свечено отворање на Камењанските водопади

На 04.07.2022 година, градоначалникот на Општина Боговиње присуствуваше на свеченото отворање на Камењанските водопади, манифестација организирана од здружението “Еcо Каmjan“. Во овој настан беше присутен претседателот г. Стево Пендаровски, министерот г. Насер Нуредини, директорот г. Ибрахим Дехари и претседателот на МЗ  на Камењане г. Махир Реџепи.

Градоначалникот Емшиу рече дека ја цени посветеноста на сите во уредувањето на пешачката патека и локациите во 8-те водопади на село Камењане како природно богатство кое во последно време привлекува туристи од целата држава и пошироко.

Општина Боговиње секогаш ќе биде подготвена да поддржува и инвестира во вакви иницијативи кои се однесуваат на одгледување и грижа за природата, како и можност жителите на Општината и сите останати граѓани да уживаат во природните убавини на планината Шар.