Владата на Северна Македонија, преку програмата Тав-Македонија, додели средства на повеќе општини, вклучително и на Општина Боговиње. Алокацијата на овие средства се врши со цел да се спроведат потребните инфраструктурни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Во врска со Општина Боговиње, средствата се издвоени за интервенции на патот Боговиње – Жеровјане, поточно за проширување на овој пат и регулирање на каналот покрај патот.