Општина Боговиње овозможи инсталирање на централно греење во основното училиште „Дервиш Цара“ во н.м. Калник, училиште кое порано во текот на зимскиот период се грееше со печки.
Поставувањето на ова централно греење ќе го исполни најосновниот услов за секој вработен и ученик на ова училиште во студеното зимско време.
Завршија работите за водоснабдувањето во Пирок и водата е пуштена во употреба. Граѓаните на оваа населено место сега ќе се снабдуваат со вода за пиење, а преку дополнителни работи се зафаќа дури и повеќе вода отколку што беше планирано.
На свеченото отворање на системот за водоснабдување присуствуваа градоначалникот на Општина Боговиње, Албон Џемаили, министерот за Животна Средина и Просторно Планирање, Насер Нуредини, кој исто така придонесе за овој проект и некои медиуми.
Гледајќи ја состојбата на тоалетите во основното училиште во Раковец, започнаа работите за нивното уредување. Работите ќе продолжат до нивно финализирање. Исто така, во основното училиште во Боговиње беше направена инвестиција за уредување на училишниот двор и тоалетите.
Училиштата први треба да се погледнат за да се исполнат неопходните и основните услови, бидејќи нашите деца се школуваат таму.
Како што обезбеди и други машинерии, Општина Боговиње денес успеа да обезбеди машинерија за чистење и одржување на патиштата што ќе го подобри квалитетот на општинските услуги обезбедени од ЈПК “Шари” со што ќе се овозможи поефикасно управување во тековно одржување на јавна чистота.
Машинеријата е обезбедена преку проектот за подобрување на општинските услуги имплементиран од Министерството за финансии и поддржан од Светска Банка.
Заврши прославата за финализирање на работите за водоснабдувањето во Синичани, сега за жителите на оваа село ова нема да претставува проблем.
„Пред неколку месеци бевме тука и бевме во сосема поинаква ситуација од денес, се соочивме со недостаток на вода за пиење, најосновната работа што му припаѓа на човекот, се отворија многу дискусии, се водеа многу полемики, се одвиваше и политика, но и сите заедно успеавме да победиме. И денес веќе нема да пиеме вода од шишиња купени во продавницата, туку од чешмите.” – рече градоначалникот на Општина Боговиње, денес за време на прославата за водоснабдувањето.
На 30.10.2020 година, Општина Боговиње ги започна работите за водоснабдување на населеното место Пирок.
Овој проект е финансиран од Општина Боговиње и има вкупна вредност од 5.690.459,00 денари и е кофинансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање со 2.450.000,00 денари.
Ваквите проекти ќе продолжат, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
Во рамките на проектот за енергетска ефикасност, денес започнаа работите за фасада и изолација на фасадата со стиропор 10 см во основното училиште „Лирија“, Жеровјане.
Исто така, завршија работите за изолација на покривот и таваните на основното училиште „Абдил Фрашери“, Боговиње. Овој проект беше реализиран во соработка со УНДП, во рамките на проектот за енергетска ефикасност.
Општина Боговиње, за подобрување на инфраструктурното ниво, ги започна работите во центарот на населеното место Пирок, што служи и како локација за стационирање на комбињата од линијата Тетово – Пирок и Пирок – Гостивар.
Во исто време, се работи и на реконструкција на тротоарот, што ќе им овозможува на граѓаните поефикасно движење во ова населено место.
Во рамките на проектот за енергетска ефикасност, во соработка со УНДП, започнаа работите за изолација на покривот и таваните на основното училиште „Абдил Фрашери“.
Општина Боговиње ќе продолжи со разни инвестиции во училиштата во населените места, секогаш со цел да се обезбедат подобри услови за учениците во текот на образовниот процес.