Градоначалникот на Општина Боговиње денеска се сретна со претставници на Националната платформа за женско претприемништво, која се воспоставува преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување.
Градоначалникот изрази дека е подготвен за соработка и ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на жените претприемачи. Преку ова, Општина Боговиње ќе даде значаен придонес за економско и социјално јакнење на целокупното општество.