Секторот за буџет и финансии ги извршува овие задачи:

  • Обезбедување на извршување на работите во дадениот регион, функционирањето на овој сектор во општината е во согласност со Законот за локална самоуправа, другите закони и општи акти, како и ефикасното управување со секторот;
  • Организирање, координирање и управување со финансиските работи потребни за реализација на одредени задачи и одговорности кои се бараат од овој сектор.

 

Основните задачи на овој сектор се:

  • Планирање и реализација на буџетот ;
  • Анализа на реализацијата и планирањето на буџетот ;
  • Даноци и реализација на приходи од сопствени извори;
  • Јавните набавки;
  • Сметководствени услуги на институцијата;
  • Подготовка на финансиски извештаи;
  • Локален економски развој;
  • Предлози во врска со финансиите како целина.