Проектот “Fireshield”

Во рамките на проектот “Fireshield“, финансиран од Европската Унија, ИПА програмата за прекугранична соработка, Каритас од Јужна Албанија, обезбеди автомобил, кој ќе служи за спроведување кампањи за подигање на свеста во руралните области со фокус на превенција и заштита од пожари и други активности предвидени во проектот.

 

Свечено отворање на Камењанските водопади

На 04.07.2022 година, градоначалникот на Општина Боговиње присуствуваше на свеченото отворање на Камењанските водопади, манифестација организирана од здружението “Еcо Каmjan“. Во овој настан беше присутен претседателот г. Стево Пендаровски, министерот г. Насер Нуредини, директорот г. Ибрахим Дехари и претседателот на МЗ  на Камењане г. Махир Реџепи.

Градоначалникот Емшиу рече дека ја цени посветеноста на сите во уредувањето на пешачката патека и локациите во 8-те водопади на село Камењане како природно богатство кое во последно време привлекува туристи од целата држава и пошироко.

Општина Боговиње секогаш ќе биде подготвена да поддржува и инвестира во вакви иницијативи кои се однесуваат на одгледување и грижа за природата, како и можност жителите на Општината и сите останати граѓани да уживаат во природните убавини на планината Шар.

Градоначалникот Емшиу на состанок со високи претставници на Светска Банка

На 01.07.2022 година, градоначалникот на Општина Боговина, Бесник Емшиу, имаше состанок со високи претставници на Светска Банка: Варалакшми Вемуру – практичен менаџер за Одржливост и социјална инклузија за Европа и Централна Азија, Роксана Хаким – координатор на Западна Балкан за Социјална одржливост и инклузија и Беким Имери – виш специјалист за Социјален развој, канцеларија во Северна Македонија.

На овој состанок се дискутираше за социјалната вклученост и подобрување на социјалните услуги во Општина Боговиње, како и можностите за инвестирање во патната и училишната инфраструктура.

Воедно, градоначалникот Емшиу им се заблагодари на претставниците на Светска Банка за многуте инвестиции кои се направени во Општина Боговиње од страна на Светска банка.

По состанокот беше остварена посета и на општинската градинка, инвестиција финансиски поддржана од Светска Банка, каде имаа можност да ги разгледаат просторите на градинката која наскоро ќе биде во функција и ќе ја користат децата.

Работилница со децата од Општина Боговиње

Локалниот младински совет при Општина Боговиње вчера одржа работилница во село Боговиње на местото наречено „Спортски рекреативен центар“ во рамки на проектот „Локална иницијатива“ заедно со децата од основните училишта од нашата Општина, каде што имавме за цел да учиме за рециклирањето, придобивките од планината, природата и целото зеленило.

Заедно со децата нагласивме дека знаеме за рециклирање и работиме во таа насока, па направивме некои фигури и предмети со рециклирана пластика и хартија.

Локалниот младински совет работи и ќе продолжи да придонесува со децата како и во заштитата на природата со сите форми и механизми, но прво со образованието на иднината, а тоа се ДЕЦАТА.

Благодарност до сите учесници, следуваат одлични работи.

         

Седница на Советот за планиран развој на регионот во Oпштина Боговиње

На 30.06.2022 година на просторите на Општина Боговиње од страна на ЦПРПР се одржа седница на Советот за плански развој на Полошкиот регион.

На оваа седница се дискутираше за втората фаза од проектот „Регионален план за управување со цврст отпад“.