Општина Боговиње се снабдува со елементи за првата фаза од проектот за енергетска ефикасност

Денеска, Општина Боговиње се снабдува со елементите за првата фаза од проектот за енергетска ефикасност. Овој проект е финансиран од Општина Боговиње и УНДП во соработка со Швајцарската Амбасада, додека дел од него е кофинансиран од апликанти (граѓани) на Општината. Обезбедените елементи од страна на Општината денеска, ќе се користат за централно греење.

Уште две машини во Општина Боговиње

На 18.12.2020, Општина Боговиње обезбеди уште две  машини, кои ќе служат за чистење на зелените простори и кастрење на дрва, со што ќе се овозможи поефикасно одржување на јавните површини во општината. Овие машини се обезбедени со средства преку проектот за подобрување на општинските услуги чија реализација е преку проектната единица на Министерството за финансии а поддржан од Светска Банка.

Уште еднаш сакаме да истакнеме дека со реализацијата на овој проект, ќе се подобрат општинските услуги за сите жители во делот на хигиената и просторното уредување во општина Боговиње.

Општина Боговиње денеска е опремена со багер

Општина Боговиње денеска е опремена со багер дониран од УНДП, финансиски поддржан од Швајцарската Амбасада.

Овој багер ќе помогне во подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните и сите населени места кои припаѓаат на нашата Општина.

Инсталација на централно греење во основното училиште „Дервиш Цара“

Општина Боговиње овозможи инсталирање на централно греење во основното училиште „Дервиш Цара“ во н.м. Калник, училиште кое порано во текот на зимскиот период се грееше со печки.

Поставувањето на ова централно греење ќе го исполни најосновниот услов за секој вработен и ученик на ова училиште во студеното зимско време.