Свечено отвoрање на општинскaта градинка

Во Општина Боговиње, во населеното место Камењане, денеска се одржа свеченото отворање на општинската градинка “Јета“, каде што присиствуваа министерката за труд и социјална политика, г-ѓа. Јована Тренчевска, министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини, специјалист за образование,  г-ѓа. Бојана Нацева, државен секретар, г. Ресми Ејупи и директорката на градинката, г-ѓа Афердита Имери.

За мене како градоначалник беше од големо значење што денеска заедно со голем број пријатели и соработници, го одржавме свеченото отворање на општинската градинка во Камењане. Многу сум благодарен за поддршката што ја дава Министерството за труд и социјална политика, како и Светска банка.

Полека, но со сигурни чекори, ние како раководство на општината со овие проекти докажуваме дека сме на услуга на граѓаните, го слушаме нивниот глас и реализираме проекти како овој, кои имаат за цел социјална инклузивност.

Реконструкција на основното училиште “Сабедин Бајрами“

Учениците во основното училиште “Сабедин Бајрами“ во н. м. Камењане од септември ќе учат во подобри услови бидејќи се работи на реконструкција на сегашната зграда.

Инвестицијата се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и опфаќа реконструкција на надворешноста, санитарни услови, реновирање на покривот, топлинска изолација и поставување помошни делови за лицата со посебни потреби.

Слични проекти нема да престанат, бидејќи ќе продолжиме да работиме и да нудиме подобри услови за сите ученици од Општина Боговиње.