Проектот „Изградба на фекална канализација во н.м. Боговиње и Камењане во Општина Боговиње“, по повеќегодишни напори, беше разгледан и одобрен денес од Владата на Република Северна Македонија.
Вреди да се спомне дека вкупната вредност на проектот е 273.133.500,00 МКД. Вкупно 78.454.500,00 МКД се обезбедени за 2021 година, додека остатокот ќе се обезбеди за следните две години.