Единицата за управување со човечки ресурси ги извршува следните задачи:

  • Ги извршува работите што се поврзани со следење и примена на закони и други општи акти;
  • Подготовка на акти што се однесуваат на правата, обврските и одговорностите на вработените;
  • Обезбедува координација на раководството со процеси и човечки ресурси- стручна обука, едукација, обука на вработени во општинска администрација;
  • Подготвува Одлука за организирање, обемот и начинот на извршување на работите во општинската администрација, правилникот за систематизација на работните места како и промени и дополнувања на овие акти;
  • Остварува редовна комуникација и соработка со другите единици за човечки ресурси на административните органи, со цел откривање на човечките потенцијали и дава предлог за вработување без јавен оглас од еден орган во друг;
  • Организирање на состаноци на комисијата за дициплински постапки за утврдување на дициплинска одговорност и комисијата за материјална одговорност на административните службеници;
  • Ги подготвува главните елементи на документите за реализација на меѓусебните права и обврски при стручното усовршување на административните службеници во органот, ја следи проблематиката на етичкиот кодекс;
  • Го користи софтверот за човечки ресурси и ја чува базата за податоци за административните службеници, истовремено контактира со АНШ.