Општина на дланка

Општина Боговиње се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Општина на дланка (мк)

 

Сесија на петтиот Форум на заедницата во Општина Боговиње

На 12.01.2024 година, во ресторан “Флоар“ во присуство на граѓани, Општина Боговинње успешно ја одржа сесијата на петтиот Форум во заедницата, трибини кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и има за цел да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

Во петтата сесија на форумот беше направена презентација на приоритетниот проект, односно дадена е информација во врска со реализацијата на проектот “Регулација на коритото на реката во населба Пирок“, кој се реализираше во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу им се заблагодари на сите за нивното значајно учество за успешното спроведување на форумите како и за придонесот даден при предлозите на бројни проекти, кои се многу неопходни да се реализираат во Општина Боговиње. Сето ова ќе и служи на општината во планирањето на активностите и развојот на идните проекти.

#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети#ГраѓанитеНаПрвоМесто#CHinMK#SDGs

Се реализира активноста “Едукативно – информативно предавање за последиците од семејното насилство“

Општина Боговиње успешно ја реализираше активноста “Едукативно – информативно предавање за последиците од семејното насилство“ во општинските основни училишта “Абдил Фрашери“ – Боговиње, “Сабедин Бајрами“ – Камењане, “Дервиш Цара“ – Долно Палчиште и “Дервиш Цара“ – Калник.

Оваа активност се реализираше врз основа на Програмата за еднакви можности на мажите и жените за 2023 година на Општина Боговиње.

Организатори на активноста се претседателката на Комисијата за еднакви можности Мирјета Синани и психолозите Шпреса Ќамили и Едона Алити.

 

 

Градоначалникот на Oпштината на работна средба со заменик министерот за транспорт и врски

Градоначалникот на Oпштина Боговиње, г. Бесник Емшиу беше на работна средба со заменик министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи со кого разговараа за реконструкција на локалниот пат од Боговиње до Новосело и Урвич, како и за изградба на патот од Боговиње до Седларце.

Првиот проект е финансиран од Владата, додека другиот проект е финансиран од Светска Банка, а во овој случај Општината ја користи можноста да им се заблагодари за соработката.

Се спроведуваше активноста “Едукативно предавање за подигање на свеста кај учениците за булизмот“

Општина Боговиње успешно ја спроведуваше активноста “Едукативно предавање за подигање на свеста на учениците за булизмот“ во општинските основни училишта “Абдил Фрашери“ – Боговиње, “Сабедин Бајрами“ – Камењане, “Дервиш Цара“ – Долно Палчиште и “Лирија“ – Жеровјане.

Оваа активност се реализираше врз основа на Програмата за еднакви можности на мажите и жените за 2023 година на Општина Боговиње.

Увид на работите на патот во село Долно Палчиште

На 21.09.2023 година, градоначалникот на Општина Боговиње заедно со министерот за Локална Самоуправа г. Ристо Пенов и директорот на Бирото за Регионален Развој г. Рамиз Реџепи, учествуваше во увидот на работите што се вршат во проектот за изградба на пат од село Долно Палчиште до автопатот Тетово – Гостивар, проект кој ќе ги поврзе населените места на Општина Боговиње со важниот проект Коридор 8.

Во оваа прилика Општината се заблагодарува на Владата и на сите институции кои се вклучени во финализирањето на овој инфраструктурен проект кој ќе им го олесни животот на граѓаните од целиот Полошки регион.

Посета на заменик Министер за образование и наука во ОУ „Лирија“

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска го пречека на посета заменик Министерот за образование и наука г. Агим Нухиу, каде што во протоколот вклучуваше надзор на некои работи што беа извршени  во ОУ „Лирија“, во с. Жеровјане.

Тие се заблагодарија за гостопримството на сите ученици и наставници, кои беа задоволни од условите што ги нуди Министерството за образование и наука во соработка со Општина Боговиње.

Посета на регионалниот директор на УНДП во Општина Боговиње

Регионалниот директор на УНДП, г-ѓа. Ивана Живковиќ, заедно со амбасадорот на УНДП во Северна Македонија, г. Армен Грегоријан, на 14.06.2023 година одржа координативен состанок во Општина Боговиње во врска со идните проекти за заштита од ерозија на почвата и поплави.

На средбата присуствуваа градоначалниците на општините од Полошкиот регион и се дискутираше за идните проекти во однос на заштитата и спречувањето на овие тековни проблеми околу поплавите во поширокиот регион на Полог, односно се дискутираше за проектите што ќе се реализираат во рамки на проектот „Подобрување на отпорот во Полошкиот регион“ и други проекти кои се реализираат преку УНДП.

Се потпиша договорот за финансирање на проектот „Обработка на техничка инвестициска документација за изградба на колекторски систем за фекална и атмосферска канализација како и филтер станица“

Градоначалникот на Општина Боговиње го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање, за финансирање на проектот „Обработка на техничка инвестициска документација за изградба на колекторски систем за фекална и атмосферска канализација како и филтер станица “.

Вредноста на целиот проект изнесува 15 милиони денари, додека Министерството придонесува со 5 милиони денари со ДДВ, а во овој случај му благодариме на државниот секретар г. Неби Реџепи за неговата посветеност.