Бесник Емшиу роден на 13.07.1964 во село Боговиње, основното образование го завршил во неговото родно место, а средното образование во Тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово, а подоцна се преселил во Приштина за да продолжи со повисоките студии на Техничкиот факултет во Приштина, во насока Машинство. По професија тој е Магистер по Машинско Образование.

Кариерата ја започнал вработувајќи се за прв пат во средното медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово каде што две години работеше како професор по математика, а потоа се ангажираше во средното стручно училиште “Моша Пијаде” во Тетово како професор на стручни машински предмети каде што и денеска е ангажиран. Подоцна од 2010 година до 2012 година се именува за заменик директор на средното стручно училиште “Моша Пијаде” во Тетово.

Од 2012 година до 2014 година се именува како координатор на проектот за образование на возрасните во рамките на училиштето “Моша Пијаде” за Општина Теарце. Од 2014 година до 2016 година се именува како координатор на проектот за образование на возрасните во рамките на училиштето “Моша Пијаде” за Општина Тетово. Од 2016 година до денеска се ангажира како професор part-time во Факултетот за Применети Науки во Тетово во насока Сообраќајно Инженерство.