Успешно беше реализирана еколошката акција “Чистење на Општина Боговиње” од Младинскиот Совет на Општина Боговиње, заедно со Oпштина Боговиње и со помош на основнoто училиште “Абдил Фрашери“ – Боговиње и основнoто училиште “Сабедин Бајрами“ – Камењане, преку нивните ученици тие дадоа cвој придонес , кои воедно дадоа порака до луѓето да не ја загадуваат животната средина, да ја чуваат и да се грижат бидејќи немаме резервен планет.
Во оваа акција се приклучија и француски и германски волонтери кои им помогнаа и ги мотивираа нашите деца за важноста на природата – за се околу нас.
Ваквите акции и настани наменети за младите ќе продолжат и понатаму бидејќи заедно можат да направат големи работи.
Да продолжиме да се грижиме за нашата околина, каде живееме и што не опкружува!