Инфраструктурни проекти во Oпштина Боговиње

Денеска заврши реконструкцијата на патот што го поврзува село Калник со магистралниот пат Тетово – Гостивар, а исто така оттука започнаа реконструкцијата во уште една населба од селото каде ќе се постават бегатони и се очекува да биде завршен до крајот на април.

     

 

Eколошката акција “Чистење на Општина Боговиње”

Успешно беше реализирана еколошката акција “Чистење на Општина Боговиње” од Младинскиот Совет на Општина Боговиње, заедно со Oпштина Боговиње и со помош на основнoто училиште “Абдил Фрашери“ – Боговиње и основнoто училиште “Сабедин Бајрами“ – Камењане, преку нивните ученици тие дадоа cвој придонес , кои воедно дадоа порака до луѓето да не ја загадуваат животната средина, да ја чуваат и да се грижат бидејќи немаме резервен планет.

Во оваа акција се приклучија и француски и германски волонтери кои им помогнаа и ги мотивираа нашите деца за важноста на природата – за се околу нас.

Ваквите акции и настани наменети за младите ќе продолжат и понатаму бидејќи заедно можат да направат големи работи.

Да продолжиме да се грижиме за нашата околина, каде живееме и што не опкружува!

Г. Бесник Емшиу средба со претставници на Националната платформа за женско претприемништво

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска се сретна со претставници на Националната платформа за женско претприемништво, која се воспоставува преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување.

Градоначалникот изрази дека е подготвен за соработка и ја потпиша Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на жените претприемачи. Преку ова, Општина Боговиње ќе даде значаен придонес за економско и социјално јакнење на целокупното општество.

Промоција на проекти во рамки на Проектот за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион

Денеска, во Општина Боговиње беше организирана манифестација во рамки на Проектот за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион.

На овој настан присуствуваа амбасадорката на Швајцарија, г-ѓа. Вероник Хулман, министерот за Животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини, постојаниот претставник на УНДП, г. Армен Григоријан и градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу.

Градоначалникот изрази благодарност до Владата на Швајцарија за постојаната финансиска поддршка во нашата Општина, до УНДП за реализација на овие капитални проекти и до Министерството за животна средина и просторно планирање како многу важен поддржувач и партнер во целиот овој процес.