На 18.12.2020, Општина Боговиње обезбеди уште две машини, кои ќе служат за чистење на зелените простори и кастрење на дрва, со што ќе се овозможи поефикасно одржување на јавните површини во општината. Овие машини се обезбедени со средства преку проектот за подобрување на општинските услуги чија реализација е преку проектната единица на Министерството за финансии а поддржан од Светска Банка.
Уште еднаш сакаме да истакнеме дека со реализацијата на овој проект, ќе се подобрат општинските услуги за сите жители во делот на хигиената и просторното уредување во општина Боговиње.