Заврши прославата за финализирање на работите за водоснабдувањето во Синичани, сега за жителите на оваа село ова нема да претставува проблем.
„Пред неколку месеци бевме тука и бевме во сосема поинаква ситуација од денес, се соочивме со недостаток на вода за пиење, најосновната работа што му припаѓа на човекот, се отворија многу дискусии, се водеа многу полемики, се одвиваше и политика, но и сите заедно успеавме да победиме. И денес веќе нема да пиеме вода од шишиња купени во продавницата, туку од чешмите.” – рече градоначалникот на Општина Боговиње, денес за време на прославата за водоснабдувањето.