Општина Боговиње продолжува со работа во населените места

Општина Боговиње продолжува со работа во населените места, со цел подобрување на животните услови на граѓаните на оваа Општина.

Тимот на ЈКП „Шарри“ во текот на овие денови интервенираше во патот Пирок – Раковец, во населеното место Боговиње, исто така и во поставувањето на апаратот за хлорирање на резервоарот на водата во Камењане.

Продолжува изградбата за адаптација на градинката во Општина Боговиње

Продолжува изградбата за адаптација на градинката во Општина Боговиње, во населеното место Камењане.

Овој проект е финансиран од Министерството за труд и социјална политика со вредност 11.000.000,00 денари.

Се реконструира водоводната линија во Палчиште

Општина Боговиње, откако набави два багери кои сега се користат за потребите на јавното претпријатие „Шарри“, значително го подобрува квалитетот на услугите до граѓаните.

Екипи на ЈП „Шарри“ деновиве ја санираат водоводната линија во Палчиште. Како дел од овој проект, се санира оштетената водоводна линија во Палчиште, односно се инсталираат нови цевки со должина од 70 метри.

Проектот предвидува и изградба на нов резервоар што ќе собере вода од повеќе извори, со што ќе се зголеми капацитетот на водоснабдувањето и ќе се санира постојниот резервоар за вода.

Oтворена канцеларијата за социјална работа во Општина Боговиње

Во Општина Боговиње отворена е канцеларијата за социјална работа во рамките на Министерството за труд и социјална политика.

Оваа канцеларија ќе обезбеди социјални информации, услуги и ќе обезбеди грижа за сите социјални категории, подобрување или олеснување на животот на граѓаните на Општина Боговиње.

Доставување на техничка документација за изградба на локални патишта од MSIP

Денес, градоначалникот на Општина Боговиње беше присутен во просториите на Министерството за Финансии при официјалното потпишување на техничката документација за изградба на локални патишта.

Оваа документација е подготвена од Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска Банка).

Градоначалникот на Општината го презентираше работниот извештај на граѓаните

На 26.12.2019 година, во салата на Општинскиот Совет во Камењане се одржа состанокот на градоначалникот г. Аљбон Џемаили со граѓаните на Општина Боговиње, каде го презентираше работниот извештај за 2019 година.

Граѓаните имаа можност подетално да бидат информирани за проектите спроведени годинава, почнувајќи од проекти за подобрување на патната инфраструктура, разни инвестиции во основните училишта на Општина Боговиње, изградба на Домот на Култура, адаптација на градинката, подобрување на комуналните услуги на ЈКП „Шарри“, создавање на нови административни простори, јавно осветлување во сите населени места, проект за водоснабдување во Пирок, чистење на дивата депонија во Камењане итн. Инвестицијата во 2019 година помина во вредност од над 2 милиони евра инвестиција. Градоначалникот им вети на присутните дека ќе има и нови инвестиции, а во 2020 година се очекува да го надминат износот на инвестиции направени годинава.

Предлог буџетот за 2020 година го претстави Бесир Мифтари, со очекувања за подобрување на состојбата на административните објекти, помош на ЈКП „Шарри“ за набавка со машини, регулирање на системите за вода за пиење, продолжување на работите на Домот на Културата, изготвување на техничка документација и реконструкција на локални патишта.

 

Младинскиот Совет на Општина Боговиње

На 23.12.2019 година, во присуство на градоначалникот на Општина Боговиње, беше промовиран Младинскиот Совет, кој ќе биде гласот на младите во нашата Општина за подобрување на нивната состојба или нивните разни проблеми.

Младинскиот Совет е основан од Центарот за образование и развој – CED во соработка со Општина Боговиње и Младинскиот образовен форум (Скопје).

Прочистувачи на воздухот во основно училиште во Боговиње

Во основното училиште „Абдил Фрашeри“ – Боговиње, градоначалникот на Општина Боговиње подели прочистувачи на воздухот.

Општината планира да продолжи со заложбата да ги подобри условите за учениците со цел да го заштити нивното здравје и со тоа да продолжи и со други активности за заштита на животната средина.

Општина Боговиње обезбеди возило за чистење на патиштата

Општина Боговиње го обезбеди возилото за чистење и одржување на патиштата, со што ќе се подобри квалитетот на општинските услуги што ги дава ЈКП „Шарри“, овозможувајќи поефикасно управување во тековното одржување на локалните патишта.