На 30.10.2020 година, Општина Боговиње ги започна работите за водоснабдување на населеното место Пирок.

Овој проект е финансиран од Општина Боговиње и има вкупна вредност од 5.690.459,00 денари и е кофинансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање со 2.450.000,00 денари.

Ваквите проекти ќе продолжат, со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.