Како што обезбеди и други машинерии, Општина Боговиње денес успеа да обезбеди машинерија за чистење и одржување на патиштата што ќе го подобри квалитетот на општинските услуги обезбедени од ЈПК “Шари” со што ќе се овозможи поефикасно управување во тековно одржување на јавна чистота.
Машинеријата е обезбедена преку проектот за подобрување на општинските услуги имплементиран од Министерството за финансии и поддржан од Светска Банка.