Локалниот Младински Совет на Општина Боговиње заедно со Општината, успешно го одбележа Денот на Европа – 9 Мај, со панелисти од различни области. За едно, сите се согласивме, за нас сонцето изгрева на запад, а ние, професионално изгревајќи и тренирајќи се во странство, да не забораваме да се вратиме во татковината, како што ни е потребна оваа земја и обратно.

Во знак на почит и благодарност, на панелистите им беа поделени книги со национални мотиви за да бидат цврст столб да не ги заборавиме корените од каде сме, без разлика каде ќе не испратат различните ветрови.

Претседателот на Локалниот Младински Совет на Општина Боговиње, г. Дитурим Џеладини заедно со сите активисти и организатори им се заблагодаруваа на сите за учеството на овој настан.