На 01.07.2022 година, градоначалникот на Општина Боговина, Бесник Емшиу, имаше состанок со високи претставници на Светска Банка: Варалакшми Вемуру – практичен менаџер за Одржливост и социјална инклузија за Европа и Централна Азија, Роксана Хаким – координатор на Западна Балкан за Социјална одржливост и инклузија и Беким Имери – виш специјалист за Социјален развој, канцеларија во Северна Македонија.

На овој состанок се дискутираше за социјалната вклученост и подобрување на социјалните услуги во Општина Боговиње, како и можностите за инвестирање во патната и училишната инфраструктура.

Воедно, градоначалникот Емшиу им се заблагодари на претставниците на Светска Банка за многуте инвестиции кои се направени во Општина Боговиње од страна на Светска банка.

По состанокот беше остварена посета и на општинската градинка, инвестиција финансиски поддржана од Светска Банка, каде имаа можност да ги разгледаат просторите на градинката која наскоро ќе биде во функција и ќе ја користат децата.