Во Oпштина Боговиње денеска беше министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини кој заедно со градоначалникот г. Бесник Емшиу разговараше за тековните проекти кои се реализираат во Општината.

Потоа излегоа на терен за да ги следат работите што се вршат во изградбата на патот покрај речното корито на Боговиње. Тие извршија и увид на работите што се вршат во финализирање на канализационата мрежа за н.м. Боговиње и Камењане.

Жителите на Општина Боговиње заслужуваат подобра животна средина и благосостојба.