На 19.05.2022 година, градоначалникот на Општина Боговиње, г. Бесник Емшиу одржа работна средба со градоначалникот на Општина Штиме, г. Ќемајл Алиу, во просториите на Општина Штиме.

Главна цел на средбата беше можноста за заедничко аплицирање како соседни земји за ИПА фондовите од Европската Унија, во рамките на прекуграничната соработка, главно во области кои имаат потенцијал за развој и инвестирање.

Градоначалникот г. Емшиу изрази подготвеност за соработка преку примена на средства од кои корист би имале двете општини, исто така и градоначалникот г. Алиу изрази интерес за соработка за заедничка заложба за општото добро на двете општини.

По средбата беше посетен и Меморијалниот Комплекс во Речак, кој е изграден во чест на мачениците од Речачкиот Масакр.