Прв форум во рамки на проектот “Зајакнување на советите на општините – Фаза 2“

На 03.03.2023 година, во ресторанот “Флоар“ со присуство на околу 100 свои граѓани, Oпштина Боговиње успешно ја одржа сесијата на првиот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2″, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и со цел да се вклучат граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

На оваа трибина имаше активни учесници од различни профили, населени места и институции, сите дадоа свој придонес и да ги искажат различните проблеми со кои се среќаваат како граѓани на Општина Боговиње.

Инфраструктурата беше избрана како приоритетна тема на овој форум, а во рамките на истата граѓаните ќе работат на генерирање идеи и креирање конкретни проекти кои ќе бидат финансирани од проектот и кофинансирани од општината. Вкупната проценета вредност за проекти достигнува и до 40.000 долари, со кои ќе се финансираат проектите што ќе бидат избрани на овие форуми од граѓаните.

Градоначалникот на Општина Боговиње им се заблагодари на сите за учеството и придонесот.

@EmbassyofSwitzerlandinNorthMacedonia @Министерствозалокалнасамоуправа @UNDPMK

Потпишување на договор со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

На 24.01.2023 година, градоначалникот Бесник Емшиу го потпиша договорот со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за проектот за отворање на патот до земјоделските површини во Општина Боговиње во износ од 1 милион денари.

Овој проект ќе го олесни движењето и работата на жителите не само на Општина Боговиње, туку и на другите рурални општини во Полог.

Градоначалникот на Општина Боговиње го посети објектот на противпожарната единица

Градоначалникот на Општина Боговиње Бесник Емшиу денеска го посети објектот на противпожарната единица, кој е во тек на изградба во Градец. Овој објект ќе биде противпожарна станица во рамки на заедничкиот ИПА проект со Општина Врапчиште.

За време на посетата градоначалникот беше информиран за досегашните работи како и за оние што ќе бидат извршени во наредните денови.

Акција за засадување садници

На 18.11.2022, градоначалникот на Oпштина Боговиње заедно со министерот за Животна Средина и Просторно Планирање г. Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија, г. Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП г. Армен Григорјан се вклучи во акцијата за садење садници во Боговиње.

Преку оваа акција имаме за цел да ја подигнеме свеста и да развиеме позитивни навики кај учениците и младите бидејќи зачувувањето на животната средина е вредност.

Во оваа акција беа вклучени училиштата “Сами Фрашери“ од село Пирок, “Абдил Фрашери“ од село Боговиње, “Сабедин Бајрами“ од село Камењане, “Дервиш Цара“ од Долно Палчиште и “Лирија“ од село Жеровјан.

Потсетуваме дека акцијата е дел од проектот за подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион.

Известување за следната активност од Младинскиот совет на Општина Боговиње

Младинскиот совет на Општина Боговиње во соработка со германската фондација Фридрих Еберт-Скопје спроведува дводневна обука на 26 и 27 ноември 2022 година (сабота и недела) и за:

-Лидерство

-Јавна комуникација

-Како се пишува CV?

-Како да напишете мотивационо писмо?

-Интервју за работа

* Обуката ќе се реализира во канцелариите на Младинскиот совет во село Палчиште.

* Бројот е ограничен.

За други детали за агендата и напредокот на обуката, ќе бидете контактирани преку е-поштата што ќе ја забележите подолу (ќе бидат контактирани само оние кои ќе бидат примени).

Информации:

Е-пошта: youthcouncilbogovinje@gmail.com

Телефон: +38970543276

* АПЛИЦИРАЈТЕ

Министерот г. Јетон Шаќири го посети основното училиште “Сабедин Бајрами“

Градоначалникот на Општина Боговиње заедно со министерот за образование и наука, г. Јетон Шаќири одблиску извршија увид во работите што се извршени за реконструкција во О.О.У. “Сабедин Бајрами“, во Камењане, како дел од училиштата во кои Министерството за образование и наука ќе обезбеди подобрување на инфраструктурата за подобар квалитет на образовниот процес.

Согласно проектот кој е поддржан од Европската банка за обнова и развој, во основното училиште ”Сабедин Бајрами“ предвидено е да се поправат фасадата, санитарните јазли, топлинската изолација на покривот и да се постави рампа за движење на лица со попреченост.

Следната активност од Младинскиот совет на Општина Боговиње

На 17 октомври 2022 година, во рамките на месецот за подигање на свеста за ракот на дојка под мотото “ЗАЕДНО МОЖЕМЕ“, успешно се одржа трибина организирана од Советот на млади на Општина Боговиње со поддршка од Општина Боговиње со панелисти:

– Проф. д-р Невзат Елези – Декан на ФМН при УТ.

– Др. Вјолца Скендери Незири – Онколог во Клиничка болница Тетово,

– Др. Арѓенд Имери – Радиолог во Клиничката болница во Тетово,

– Др. Фатмир Салиу – Хирург во Клиничка болница Тетово.

Започнаа работите за изградба на водоводот во Долно Палчиштe

Денеска почнаа работите за реализација на проектот за изградба на водоводот во село Долно Палчиште. Овој проект се очекува да биде завршен во временска рамка од 9 месеци во зависност од атмосферските услови и ќе чини 277.000,00 евра.

Благодарноста во овој случај оди до жителите на Долно Палчиште за трпението до почетокот на работите, општинската администрација како и до централната власт на чело со Министерството за транспорт и врски за сета посветеност за почеток на работите.

Проекти за реконструкција на патишта

На 30.09.2022 година, градоначалникот на Oпштина Боговиње потпиша договор за две проекти со директорот на Бирото за регионален развој, г. Рамиз Реџепи кои се очекува да се реализираат во Ново Село.

Станува збор за реконструкција на два локални патишта: проектот за реконструкција на локалниот пат во Ново Село во вредност од 7.000.000 денари и проектот за реконструкција на уште еден локален пат, исто така во Ново Село, во вредност од 3.422.866 денари.

Општина Боговиње ќе продолжи со подобрување на условите за живот во секое населено место.