На 04.07.2022 година, градоначалникот на Општина Боговиње присуствуваше на свеченото отворање на Камењанските водопади, манифестација организирана од здружението “Еcо Каmjan“. Во овој настан беше присутен претседателот г. Стево Пендаровски, министерот г. Насер Нуредини, директорот г. Ибрахим Дехари и претседателот на МЗ на Камењане г. Махир Реџепи.
Градоначалникот Емшиу рече дека ја цени посветеноста на сите во уредувањето на пешачката патека и локациите во 8-те водопади на село Камењане како природно богатство кое во последно време привлекува туристи од целата држава и пошироко.
Општина Боговиње секогаш ќе биде подготвена да поддржува и инвестира во вакви иницијативи кои се однесуваат на одгледување и грижа за природата, како и можност жителите на Општината и сите останати граѓани да уживаат во природните убавини на планината Шар.