Градоначалникот на Општина Боговиње денеска заедно со министрите Насер Нуредини, Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи го посетија селото Камењане за одблиску да ги видат работите што се направени во реконструкцијата на водоводната мрежа.
Со завршениот проект ќе се подобрат условите за живот на жителите на село Камењане, додека вредноста на работите е 214 илјади евра без ДДВ.
Притоа, се разговараше и за проектот со кој се предвидува реконструкција на водоводниот цевковод во Долно Палчиштe, кој изнесува 266 илјади евра. Работите се очекува да започнат наскоро по потпишувањето на договорот за надзор.