Посета од учениците на основното училиште “Сабедин Бајрами”

На 24.04.2019 година, учениците од општинското основно училиште “Сабедин Бајрами” го посетија Општина Боговиње.
Учениците имаа можност да се сретнат со градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили, кој даде објаснувања за улогата на општината за граѓаните, начинот на функционирање на локалната самоуправа и услугите кои администрацијата им ги дава на граѓаните на оваа општина.

Г. Џемаили на свеченото отворање на Здружението “ДР. АРИФ СЕЛМАНИ”

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили на 20.04.2019 беше присутен при основањето на Здружението “ДР. АРИФ СЕЛМАНИ” од младите на селото Горно Седларце.
За време на говорот, градоначалникот им честиташе на сите иницијатори за основање на оваа Здружение и истакна дека е голема привилегија што беше поканет на овој настан. Исто така, апелираше до раководството дека во иднина да работат само во корист на заедницата што ја претставуваат, но исто така и во никој случај да не се политизира истото.
И на крај, градоначалникот апелираше до органите на Здружението дека канцеларијата на градоначалникот и Општина Боговиње се отворени за соработка во сите области, секако со можностите што ги има општината.

Г. Албон Џемаили во преговори со министерот за Локална Самоуправа, г. Сухејл Фазлиу

Министерот за Локална Самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска го пречека во неговиот кабинет градоначалникот на Oпштина Боговиње, г. Албон Џемаили со кој што зборуваа за тековните активности во ова општина, развојните планови, решавање на инфраструктурните проблеми и можностите за користење на државните фондови посветени на општините и фондовите од Европската Унија.

Министерот Фазлиу ја изрази својата подготвеност да ги поддржи иницијативите на Oпштина Боговиње, истекнувајќи од една страна ограничените можности на Министерството за Локална Самоуправа и од друга страна многуте можности што ги нудат државниот буџет и фондовите на ЕУ.

За време на состанокот, градоначалникот г. Џемаили му се заблагодаруваше на министерот Фазлиу за можноста на финансирањето на проектите на Oпштина Боговиње. Проектите кои што ќе се финансираат од планските региони се: набавка на машини за одржување на јавната чистота, како и проектите за изградба и подобрување на фекална канализација во Полошкиот регион.

Исто така, како проект финансиран од Европската Унија, кој што се имплементира од Министерството за Локална Самоуправа и УНДП е набавка на контејнери за отпадоци за подобрување на управувањето со комуналниот отпад, кои што ќе и обезбедат на општината подобрување на хигиената и животната средината.

Министерот Фазлиу ги повикуваше да се користи можноста да се аплицира со проектите кај повикот кој што е актуелно отворен со програмата за прекугранична соработка, помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и други можности ќе имаат и со повикот кој што ќе биде во наредните месеци помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија.

На крајот на состанокот, министерот Фазлиу рече дека Министерството за Локална Самоуправа е отворена за соработка со сите капацитети со кои што располага за плодна соработка во интерес на граѓаните.

Проектот “Изложба на слики”

Bо основното општинско училиште  “Сабедин Бајрами”- Камењане се реализираше проектот “Изложба на слики”.

Во овој проект учествуваа учениците на основните училишта на Oпштина Боговиње со нивните дела.  Овој проект финансиски беше поддржан од Министерството за Култура во рамките на годишната програма.

Исто така, доделени се подароци за сите ученици кои што учествуваа и нивните наставници.

Им се заблагодариме на учениците, наставниците, ТВ Ускана како и на Министерството за Култура за реализација на овој проект.

Општина Боговиње потпиша меморандум за соработка со Стопанската Комора за Туризам на РСМ

На денешната средба на градоначалникот на Општина Боговиње, г. Аљбон Џемаили со претставниците на Стопанската Комора за Туризам на Република Северна Македонија се потпиша меморандум за соработка во областа на туризмот, за развој и зајакнување на нивните односи со цел да се постигне корисна соработка.

Овој меморандум има за цел размена на искуства за привлекување туристи, што е исто така важен фактор за економијата на земјата.

УСАИД го одобри проектот за инсталирање на централно греење во основното училиште “Сабедин Бајрами”

Денес, Општина Боговиње ги доби резултатите објавени од УСАИД за финансирање на дванаесетте училишта во Северна Македонија, односно нивно реновирање.

Во овој повик, општината аплицираше за поставување на системот за централно греење на основното училиште “Сабедин Бајрами” во населбата Горно Седларце. Од резултатите објавени од страна на УСАИД, проектот за инсталација на централно греење во ова училиште е одобрен и е еден од дванаесетте училишта, чие реновирање ќе биде финансирано од овој проект.

Средба со здружението “АДИ” од Гостивар

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили денес се сретна со претставници на здружението “АДИ”- Гостивар.
Целта на состанокот беше да им овозможи на невладините организации да ги зајакнат своите капацитети, да ги комплетираат апликациите и да ја зголемат соработката со општината за идните проекти.

“Ден на училиштето” во основното училиште “Абдил Фрашери”

Денес, во основното училиште”Абдил Фрашери” – Боговиње беше прославен денот на училиштето, во кој учениците беа организирани во различни видови интерпретации: рецитали, драма, различни танцување и изложба што самите ги подготвија.

На настанот беше поканет и градоначалникот на Општина Боговиње, г-дин Албон Џемаили, кој почна со поздравниот говор. Тој се заблагодари за поканата и им посака на сите наставници и студенти поголем успех во иднината.

Г. Албон Џемаили се сретна со претставници на УНДП и претставникот на швајцарската амбасада

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили денес се сретна со претставници на УНДП и со претставникот на швајцарската амбасада во врска со проектот за отпорна мрежа во Полошкиот регион. Овој проект е финансиски поддржан од швајцарската амбасада и ги опфаќа сите општини на Полог.

На средбата беа разгледани точки кои ја загрозуваат територијата на Општина Боговиње, како што се: поплавите, реката на Боговиње, Камењане, Палчиште, лизгање на земјиштето и другите проблеми што се случуваат од елементарните појави.

По состанокот, тие ги посетија најзагрозените места во реката на Боговиње, во населбата Боговиње што води кон локалниот пат до Новосело и во населбата околу основното училиште во населеното место Пирок.