На Oпштина Боговиње беа доделени средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

И оваа недела, на Oпштина Боговиње беа доделени средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од 11.228.040,00 денари за реализација на проектот за асфалтирање на патот од Swiss Center – Боговиње до Горна Седларце, паралелно со автопатот М-4.

Општината постојано се труди да обезбеди финансиски средства од разни домашни и меѓународни донатори за реализација на проекти од различни области за подобрување на благосостојбата на граѓаните.

Градоначалникот на општината доби одлука за одобрување на потребните финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Денес, градоначалникот на Општина Боговиње г. Албон Џемаили ја доби одлуката за одобрување на потребните финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Оваа Агенција на Општина Боговиње им ги одобри средствата во износ од 19.984.812,00 денари, со што ќе се направи изработка на урбанистички планови за некои населби во Општина Боговиње.

Подобрување на патната инфраструктура во Oпштина Боговиње

Општина Боговиње продолжува да ја подобрува патната инфраструктура на општинско ниво. Следно се работи на регионалниот пат Калник – Пирок (пат 101 бб).

На сите граѓани им се советува да имаат претпазливост и разбирање за време на работниот период во овој пат.

Општината, исто така гарантира дека ќе продолжи со други проекти за подигнување на нивото на инфраструктурата во територијата на Општина Боговиње.

Градоначалникот на општината сподели благодарност за успешните полуматуранти

Врз основа на програмата за образование одобрена од советот на општината, градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили денес во својата канцеларија ги прими успешните полуматуранти на училиштата на Општина Боговиње.

Градоначалникот рече дека се гордее со таквите ученици и им посака понатамошен успех за време на образовниот процес.

На крајот, градоначалникот сподели благодарност за сите ученици кои беа присутни.

Г. Џемаили ги прими боксерите на Боксерскиот Клуб “Шкендија Но Лимит” во неговата канцеларија

Денес, градоначалникот на Општина Боговиње ги прими боксерите на Боксерскиот Клуб “Шкендија Но Лимит” со своите тренери во неговата канцеларија.

Градоначалникот, г. Аљбон Џемаили му честиташе на клубот за своите постигнувања и вети поддршка за да помогне во нивните успеси.

Поставување вертикална сигнализација во населбите

Општина Боговиње продолжува со следната интервенција, со воспоставување вертикална сигнализација која е многу важна за секое населено место и која ќе им помогне на граѓаните за појасна ориентација за населените места кои припаѓаат на општината.

Сообраќајните знаци ќе се лоцираат во сите населби во Општина Боговиње, со цел општо регулирање на патниот сообраќај.

Известување од Центарот за управување со кризи

По предупредувањата од Центарот за управување со кризи во републиканското ниво и регионалната полициска единица за обилни дождови ова попладне и следните денови, Штабот за управување со кризи на општинско ниво по итен состанок се појави на терен за да ги утврди критичните точки за кои е потребна прелиминарна интервенција. Известени се дури и претпријатијата кои поседуваат тешки градежни машини за да бидат во состојба на подготвеност, во секој случај да помогнат во минимизирање на оштетувањето. Во исто време, се известуваат семејствата околу реките да преземат мерки на претпазливост за заштита на нивниот имот. Од овој момент, Штабот за управување со кризи на општинско ниво е во состојба на алармирање 24 часа.

Општината продолжува со проекти за промени во патната инфраструктура

Општина Боговиње продолжува со проекти за промени во патната инфраструктура на нејзината територија. Овој пат, соработуваат со претпријатието “Македонија Пат” за подобрување на патот Пирок – Калник, патот 402.

Сите граѓани се предупредуваат да бидат внимателни овие денови, бидејќи интензивно ќе се работи на овој пат.

Во моментов се работи во населбата Синичане, каде што бараме од граѓаните максимална соработка.

Општината им се заблагодарува на сите граѓани за нивната поддршка и разбирање и се надева дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Чистењето и одржувањето на патиштата

Општина Боговиње презеде иницијатива за чистење и одржување на патиштата на територијата на оваа општина. Акцијата започна од населбата Пирок и ќе продолжи во сите населени места кои припаѓаат на Општина Боговиње.

Општина Боговиње ќе продолжи да се ангажира понатаму за чиста средина и со проекти кои ќе го олеснат животот на граѓаните.