Градоначалникот на Општина Боговиње вчера се сретна со претставници на Движењето Анти-Коцкање.
На состанокот градоначалникот рече дека ќе го поддржи барањето на Движењето Анти-Коцкање, кое беше отстранување на објектите за коцкање најмалку три километри од населените места во Општина Боговиње.
По неколку одобрени одлуки за подобрување на општинската инфраструктура ве информираме дека денес Општина Боговиње доби грант од Министерството за труд и социјална политика и доби одобрение за финансирање на отворањето на градинка на општинско ниво.
Министерството за труд и социјална политика известува дека апликацијата на Општина Боговиње за добивање на грант за креирање на дополнителни места во предучилишните установи преку изградба на нови детски градинки и преку доградби и адаптации на постојни објекти е избрана за финансирање.
Општина Боговиње ја прифати одлуката за одобрување на потребните финансиски средства од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Ова е третата одлука одобрена од оваа Агенција и вклучува средства во износ од 6.320.980,00 денари, кои ќе се користат за изградба на локалниот пат во населбата Камењане од регионалниот пат Р-402 до поштата во Камењане.
Вчера, г. Аљбон Џемаили имаше средба со претставниците на ОБСЕ и со некои членови на советот на Општина Боговиње.
На состанокот се разговараше за донесување на политика за развој на општински акти, кои членовите на советот може да ја користат како водич за развој на општинските политики и акти и донесување на специфична политика – етички кодекс за членовите на советот или политика за зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
На состанок со градоначалникот на Општина Боговиње денес беа претставниците на здружението “Мултикултура”.
Целта на овој состанок беше да се активираат и да се мотивираат младите да се приклучат и да разговараат на креативни начини за младинските проблеми во последната деценија, каде преку форми на неформално образование тие ги третираат проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот и се едуцираат за нивно надминување.
Горенаведените активности ќе се спроведуваат за време на летниот кампус кој ќе се организира на Шар Планина, токму во планинските куќи на Општина Боговиње во текот на јули-август. Целна група на оваа активност ќе бидат 15-30-годишници од Oпштина Боговиње и Општина Тетово.
Во просториите на основното училиште “Абдил Фрашери”- Боговиње, вчера се одржа предавање за оштетувањето од дијабетесот на очите од офталмологотот на ординацијата “Систина Офталмологија”- Тетово.
Исто така, тимот на ординацијата направи бесплатни мерења на шеќер во крвта за граѓаните кои беа присутни.
Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Аљбон Џемаили му се заблагодари на тимот на ординацијата за организирањето на бесплатните контроли и за предавањето што се одржа вчера.
И оваа недела, на Oпштина Боговиње беа доделени средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од 11.228.040,00 денари за реализација на проектот за асфалтирање на патот од Swiss Center – Боговиње до Горна Седларце, паралелно со автопатот М-4.
Општината постојано се труди да обезбеди финансиски средства од разни домашни и меѓународни донатори за реализација на проекти од различни области за подобрување на благосостојбата на граѓаните.
Денес, градоначалникот на Општина Боговиње г. Албон Џемаили ја доби одлуката за одобрување на потребните финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Оваа Агенција на Општина Боговиње им ги одобри средствата во износ од 19.984.812,00 денари, со што ќе се направи изработка на урбанистички планови за некои населби во Општина Боговиње.