На 24.04.2019 година, учениците од општинското основно училиште “Сабедин Бајрами” го посетија Општина Боговиње.
Учениците имаа можност да се сретнат со градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили, кој даде објаснувања за улогата на општината за граѓаните, начинот на функционирање на локалната самоуправа и услугите кои администрацијата им ги дава на граѓаните на оваа општина.