Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили на 20.04.2019 беше присутен при основањето на Здружението “ДР. АРИФ СЕЛМАНИ” од младите на селото Горно Седларце.
За време на говорот, градоначалникот им честиташе на сите иницијатори за основање на оваа Здружение и истакна дека е голема привилегија што беше поканет на овој настан. Исто така, апелираше до раководството дека во иднина да работат само во корист на заедницата што ја претставуваат, но исто така и во никој случај да не се политизира истото.
И на крај, градоначалникот апелираше до органите на Здружението дека канцеларијата на градоначалникот и Општина Боговиње се отворени за соработка во сите области, секако со можностите што ги има општината.