На 03.03.2023 година, во ресторанот “Флоар“ со присуство на околу 100 свои граѓани, Oпштина Боговиње успешно ја одржа сесијата на првиот Форум во заедницата, форуми кои се организираат во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети – Фаза 2″, финансиран од Швајцарската Амбасада и Министерството за локална самоуправа и кофинансиран од УНДП и со цел да се вклучат граѓаните во процесот на одлучување на општинско ниво.

На оваа трибина имаше активни учесници од различни профили, населени места и институции, сите дадоа свој придонес и да ги искажат различните проблеми со кои се среќаваат како граѓани на Општина Боговиње.

Инфраструктурата беше избрана како приоритетна тема на овој форум, а во рамките на истата граѓаните ќе работат на генерирање идеи и креирање конкретни проекти кои ќе бидат финансирани од проектот и кофинансирани од општината. Вкупната проценета вредност за проекти достигнува и до 40.000 долари, со кои ќе се финансираат проектите што ќе бидат избрани на овие форуми од граѓаните.

Градоначалникот на Општина Боговиње им се заблагодари на сите за учеството и придонесот.

@EmbassyofSwitzerlandinNorthMacedonia @Министерствозалокалнасамоуправа @UNDPMK