Градоначалникот на Општина Боговиње денеска потпиша меморандум за соработка со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО), проектот на УСАИД за Меѓуетничка Интеграција на Младите во Образованието (МИМО) и основното училиште “Сабедин Бајрами”- Седларце.

Обврските на општината за време на овој проект ќе бидат: набавка, транспорт на антифриз и полнење на мрежата за топла вода; реконструкција на патеки и опрема за уредување на училишен двор; да помага во следењето и оценувањето на проектните активности; да ги финансира сите непредвидени трошоци поврзани со проектот за време на нејзиното спроведување.