Инаугурација на патот Чифлик – Калник

На 19.12.2019, во присуство на градоначалникот на Општина Боговиње, беше инаугуриран патот Чифлик – Калник. Овој пат е долг 497 метри и широк 5 метри, ќе ги поврзе двете населени места и ќе овозможи поефикасен сообраќај за граѓаните.

Изградбата на овој пат е еден од клучните проекти за изградба на патната инфраструктура на општинско ниво и има вкупна вредност од 3.039.258,00 денари.

Општината продолжува да ги подобрува условите во училишните простории

Општина Боговиње продолжува да ја подобрува училишната инфраструктура и да ги подобрува условите на учениците.

Денес, во основното училиште „Абдил Фрашери“ – Раковец започна проектот за замена на сите прозорци и врати, проект вреден 1.800.000 денари.

Проектот „Позеленување на нашата Oпштина”

На 07.12.2019, Општина Боговиње започна со реализација на проектот „Позеленување на нашата Oпштина“, кој има за цел да засади украсни дрвја и проширување на зелени места.

Засадувањето на дрвјата ќе се одвива по регионалниот пат Пирок – Калник (патот 402).

 

Градоначалникот Џемаили сподели благодарност до учениците од основните училишта и наставниците

Врз основа на образовната програма, градоначалникот на Општина Боговиње им додели благодарност на учениците од основните училишта кои учествуваа на натпревари по историја.

Исто така, градоначалникот изрази благодарност до наставниците по предмет историја за нивната напорна работа за постигнатите резултати на учениците, посакувајќи им и понатаму успех во текот на образовниот процес.

Инаугурација на патот од Swiss Center – Боговиње до Горно Седларце

На 12.11.2019 година, во Општина Боговиње е инаугуриран патот од Swiss Center – Боговиње до Горно Седларце. Проектот е поддржан од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со вкупна вредност 11.228.040,00 денари.

Г. Албон Џемаили рече дека во повиците објавени од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Општина Боговиње конкурираше со три проекти што ги има освоено и сите се поврзани со урбанистички планови, со цел подигање на нивото на патната инфраструктура.

На крајот, градоначалникот им се заблагодари на сите за присуството.

Камен-темелник за изградба на Дом на Култура во Камењане

На 06.11.2019, во Општина Боговиње е поставен камен-темелник на Дом на Култура во село Камењане. На свечениот чин присуствуваше градоначалникот на Општина Боговиње г. Аљбон Џемаили, министерот за Култура г. Хисни Исмаили и лидерот на партијата „Алтернатива“ г. Африм Гаши.

„Основањето и функционирањето на што е можно повеќе институции значи независна децентрализација и можност за изразување на уметниците што живеат и работат во оваа Општина“, рече градоначалникот и потоа им се заблагодари на сите за присуството.

Изградбата на објектот беше поддржана од Министерството за Култура и беа обезбедени средства од 25 милиони денари за првата фаза и ќе се продолжи со распределбата на буџетот за следните фази до финализацијата на овој проект.

Г. Џемаили во официјална средба со министерката за труд и социјална политика во Владата на РСМ

На 08.10.2019 година, градоначалникот на Општина Боговиње беше во официјална средба со министерката за труд и социјална политика, г-ѓа. Мила Царовска во просториите на Владата на РСМ, при потпишувањето на договорот за грант за адаптација на градинката во Општина Боговиње во износ од 11.000.000,00 денари.

Претпријатието „Шари“ обезбедува 43 канти за отпадоци од пластика

Општина Боговиње продолжува со еколошките проекти за подобрување на животната средина во населбите на Општина Боговиње.

Со следниот проект „Шари“ обезбедува 43 канти за отпадоци од пластика, кои ќе служат за нивно рециклирање на целата територија на Општина Боговиње.

Инсталација на централно греење во училиштето „Сабедин Бајрами“ во Горно Седларце

Започна инсталацијата на централно греење во основното училиште „Сабедин Бајрами“ во населбата Горно Седларце.

Проектот за инсталирање на централно греење во ова училиште беше финансиран од УСАИД во соработка со Општина Боговиње и основното училиште „Сабедин Бајрами“.

Подобрувањето на училишната инфраструктура е приоритет во Општина Боговиње со цел да се обезбедат соодветните услови за развој на образовниот процес на поорганизиран начин.