На 19.03.2022, официјално започна работата за обновување на основното училиште во Раковец.
Проектот е финансиран од Министерството за oбразование и наука и Општина Боговиње.

На 19.03.2022, официјално започна работата за обновување на основното училиште во Раковец.
Проектот е финансиран од Министерството за oбразование и наука и Општина Боговиње.

На 17.03.2022, во спортската сала на ООУ “Сабедин Бајрами“ – Камењане се одржаа општински натпревари во соработка со Сојузот на училишен спорт со ученици од шесто и седмо одделение.
Во овие активности учествуваа:
Прво место: УСК “Минир Исаку“ – Пирок
Второ место: УСК “Блерим Џемаили“ – Боговиње
Трето место: УСК “Дервиш Цара“ – Палчишт.
На крајот беше поделена благодарност за учесниците како и пехарот за победникот.
За соработката благодариме на Сојузот на училишен спорт со претставникот Бујар Ибрахими.
Владата на Северна Македонија, преку програмата Тав-Македонија, додели средства на повеќе општини, вклучително и на Општина Боговиње. Алокацијата на овие средства се врши со цел да се спроведат потребните инфраструктурни проекти за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Во врска со Општина Боговиње, средствата се издвоени за интервенции на патот Боговиње – Жеровјане, поточно за проширување на овој пат и регулирање на каналот покрај патот.
Денес, градоначалникот на Oпштина Боговиње, Аљбон Џемаили одржа состанок со директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.
Целта на овој состанок беше да се обезбеди поддршка и помош на Општина Боговиње од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.
За време на дискусијата беше одлучено да се обезбедат неколку неопходни алатки за Општина Боговиње.
Општина Боговиње секогаш се обидува да ги поддржи младите луѓе кои имаат слободна и искрена волја, оние кои ја сакаат и се стремат кон иднината на луѓето, бидејќи тие се иднината на нашата држава.
Емине Ислами учеше 8 години редовно во основното училиште “Дервиш Цара“ од н.м. Долно Палчиште, таа беше примерна девојка и сега успеа да ги промовира своите две книги.
Затоа, градоначалникот на Општина Боговиње во знак на поддршка му даде благодарност. Посакуваме успесите на Емине да не запрат и таа да ги достигне врвовите на успехот.
Проектот „Изградба на фекална канализација во н.м. Боговиње и Камењане во Општина Боговиње“, по повеќегодишни напори, беше разгледан и одобрен денес од Владата на Република Северна Македонија.
Вреди да се спомне дека вкупната вредност на проектот е 273.133.500,00 МКД. Вкупно 78.454.500,00 МКД се обезбедени за 2021 година, додека остатокот ќе се обезбеди за следните две години.
Денес, Општина Боговиње одржа состанок со претставници на германската агенција за меѓународна соработка GIZ, во врска со проектот што ќе се спроведува во Полошкиот регион, во Општина Боговиње. Проектот е специфично поврзан со финансиската помош што ќе им биде дадена на малите бизниси кои имаат потенцијал за раст, почетни бизниси насочени кон иновации и бизниси со зелена економија. Исто така, треба да се напомене дека овој проект ќе биде поделен во две фази: првата фаза ќе биде логистичка финансиска помош за бизнис планови и втората фаза ќе биде финансиска помош за бизнисите што дејствуваат во Општина Боговиње.
Општина Боговиње постојано се труди секое училиште што и припаѓа на оваа Oпштина да биде комплетна со каков бил основен услов што е потребен. Од оваа причина, вчера беше инаугурацијата на фасадата на основното училиште „Лирија“ во Жеровјане, додека денес беше инаугурацијата на централното греење на основното училиште „Дервиш Цара“ во Калник.
Денес беше крајното отворање на првата детска градинка на Општина Боговиње лоцирана во Камењане. Градоначалникот на Општина Боговиње го откри и името што ќе ја носи градинката , чие име ќе биде живот (Jeta), според кој сè започнува од животот, и оваа градинка ќе биде како првото поглавје за децата во книгата на нивниот живот.
На свеченото отворање присуствуваше министерката за Труд и Социјална Политика, Јагода Шахпаска на која јавно и се заблагодаруваме за присуството и придонесот во изградбата на оваа градинка.