Дезинсекција на средината против комарци во Oпштина Боговиње

На 11.07.2019 година, почнувајќи од 23:30 до раните утрински часови беше извршена дезинсекција на средината против комарци на територијата на Општина Боговиње, во просторија од 100 хектари.

За време на дезинсекцијата беа опфатени населените места: Пирок, Боговиње, Жеровјане, Синичане, Горно Седларце, Камењане, Долно Палчиште и Калник.

Градоначалникот на општината потпиша меморандум со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО), проектот на УСАИД за Меѓуетничка Интеграција на Младите во Образованието (МИМО) и основното училиште “Сабедин Бајрами”

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска потпиша меморандум за соработка со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО), проектот на УСАИД за Меѓуетничка Интеграција на Младите во Образованието (МИМО) и основното училиште “Сабедин Бајрами”- Седларце.

Обврските на општината за време на овој проект ќе бидат: набавка, транспорт на антифриз и полнење на мрежата за топла вода; реконструкција на патеки и опрема за уредување на училишен двор; да помага во следењето и оценувањето на проектните активности; да ги финансира сите непредвидени трошоци поврзани со проектот за време на нејзиното спроведување.

 

Г. Џемаили ги пречека претставниците на УНДП во неговата канцеларија

Градоначалникот на Општина Боговиње денеска во својата канцеларија ги пречека претставниците на УНДП.

На состанокот се зборуваше за продолжување на проектот “Полог отпорен на поплави”, кој е поддржан од швајцарската амбасада и има за цел да го минимизира сечењето на дрвјата, како и стратегијата за алтернативни инвестициски можности за глобално затоплување.

Општина Боговиње продолжува со промени во патната инфраструктура

Општина Боговиње денеска заврши со реконструкцијата на патот Прековец во населбата Боговиње (со површина од 1300 м2).

Општината осигурува дека ќе продолжи со други проекти за поставување на инфраструктурно ниво на територијата на Општина Боговиње.

Пред

Потоа

 

 

Градоначалникот на општината на работна средба со претставници на Движењето Анти-Коцкање

Градоначалникот на Општина Боговиње вчера се сретна со претставници на Движењето Анти-Коцкање.

На состанокот градоначалникот рече дека ќе го поддржи барањето на Движењето Анти-Коцкање, кое беше отстранување на објектите за коцкање најмалку три километри од населените места во Општина Боговиње.

Општина Боговиње доби одобрување за финансирање на отворањето на градинкa на општинско ниво

По неколку одобрени одлуки за подобрување на општинската инфраструктура ве информираме дека денес Општина Боговиње доби грант од Министерството за труд и социјална политика и доби одобрение за финансирање на отворањето на градинка на општинско ниво.

Министерството за труд и социјална политика известува дека апликацијата на Општина Боговиње за добивање на грант за креирање на дополнителни места во предучилишните установи преку изградба на нови детски градинки и преку доградби и адаптации на постојни објекти е избрана за финансирање.

Се одобрува одлуката за финансиски средства од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Општина Боговиње

Општина Боговиње ја прифати одлуката за одобрување на потребните финансиски средства од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Ова е третата одлука одобрена од оваа Агенција и вклучува средства во износ од 6.320.980,00 денари, кои ќе се користат за изградба на локалниот пат во населбата Камењане од регионалниот пат Р-402 до поштата во Камењане.

Г. Џемаили во средба со претставниците на ОБСЕ

Вчера, г. Аљбон Џемаили имаше средба со претставниците на ОБСЕ и со некои членови на советот на Општина Боговиње.

На состанокот се разговараше за донесување на политика за развој на општински акти, кои членовите на советот може да ја користат како водич за развој на општинските политики и акти и донесување на специфична политика – етички кодекс за членовите на советот или политика за зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво.

Градоначалникот на општината на работен состанок со претставниците на здружението “Мултикултура”

На состанок со градоначалникот на Општина Боговиње денес беа претставниците на здружението “Мултикултура”.

Целта на овој состанок беше да се активираат и да се мотивираат младите да се приклучат и да разговараат на креативни начини за младинските проблеми во последната деценија, каде преку форми на неформално образование тие ги третираат проблемите со кои се соочуваат во секојдневниот живот и се едуцираат за нивно надминување.

Горенаведените активности ќе се спроведуваат за време на летниот кампус кој ќе се организира на Шар Планина, токму во планинските куќи на Општина Боговиње во текот на јули-август. Целна група на оваа активност ќе бидат 15-30-годишници од Oпштина Боговиње и Општина Тетово.

 

Предавање за оштетувањето од дијабетесот на очите од офталмологот на ординацијата “Систина Офталмологија” за граѓаните на Општина Боговиње

Во просториите на основното училиште “Абдил Фрашери”- Боговиње, вчера се одржа предавање за оштетувањето од дијабетесот на очите од офталмологотот на ординацијата “Систина Офталмологија”- Тетово.

Исто така, тимот на ординацијата направи бесплатни мерења на шеќер во крвта за граѓаните кои беа присутни.

Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Аљбон Џемаили му се заблагодари на тимот на ординацијата за организирањето на бесплатните контроли и за предавањето што се одржа вчера.