Општина Боговиње почна со работите на патот во Боговиње т.н. “Патот на Исмаилхаки” во село Боговиње. Овој пат покрива површина од 500 м2. Финансирањето за работите на патот се врши од страна на општината и жителите на ова населено место.
Продолжуваме со работи на следните проекти за подигнување на нивото на инфраструктура на територијата на Oпштина Боговиње.
Во мое лично име би сакал да им се заблагодарам на сите жители на населеното место Ново Село за акцијата превземана со цел на чистењето и поправката на патот Боговиње – Ново Село, кој што би им помагал на граѓаните за посигурно движење во зимската сезона.
Општина Боговиње ќе продолжи да се ангажира и понатаму за почиста средина.
Благодарение и почит за сите оние што учествуваа во ова акција!
Албон Џемаили
Општина Боговиње ги заврши работите на патот т.н. “Патот на Асан” во село Горно Седларце, овој пат вклучува површина од 700 м2. Овој проект е финансиран од страна на општината и граѓаните на ова населено место.
Истовремено, ја искористуваме ова можност да им се заблагодариме на сите оние кои што ни помогнаа во регулирањето на овој пат и се надеваме дека таквата соработка ќе продолжи и за другите проекти.
Градоначалникот на Oпштина Боговиње, г. Албон Џемаили реализираше средба со претставниците на здружението “Синатa Птица“, ова здружение се грижи за деца со посебни потреби.
Општина Боговиње заедно со здружението “Синатa Птица“ веќе неколку пати организирале средби со родителите на децата со посебни потреби и направени се дискусии во врска со проблемите со кои тие се соочуваат.
Во денешната средба, главно се дискутираше за можностите за изградба на дневен центар за деца со посебни потреби во Oпштина Боговиње.
Продолжуваат наредните проекти за промените на патната инфраструктура во територијата на Oпштина Боговиње, со кои што ќе се олесни животот на жителите.
Овој пат, општината во соработка со граѓаните на населеното место Горно Седларце ги започна изградбите на патот т.н. “Патот на Асан”, кое што има површина од 700 m2.
На 29.10.2018, Oпштина Боговиње започна со работите на изградбата на спортскиот терен во село Калник, со површина од 1000 m2 (25m × 40m), финансирана од буџетот на Oпштина Боговиње, една од дадените ветувања од страна на градоначалникот на општината, г. Албон Џемаили.
Со овој проект ќе се овозможи подигнување на нивото на спортската култура во рамките на училиштето и младите во ова населено место. Ве уверуваме дека ќе продолжиме и со други проекти и во другите населени места.
Градоначалникот на Општина Боговиње, г. Албон Џемаили реализираше посета во Швајцарија, каде што имаше средба со мигрантите и здруженијата кои што живеат и работат таму.
Целта на ова посета беше запознавањето со состојбата на Општина Боговиње, од почетокот на мандатот до моменталната состојба, како и со плановите во иднина.
Во разговор со мигрантите и со здруженијата кои што работат таму, тој понуди соработка со единствена цел заеднички да се подигне нивото на живеење во сите сфери во територијата на Општина Боговиње.
Благодарение и почит за сите мигранти кои што покажа воља и почит со нивното гостопримство.
Се надеваме дека средбите и соработката ќе продолжат и во иднината.
Со почит,
Албон Џемаили